НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панчевски за НОВАТВ: Не паметам дека сум влијаел на судии

7
By Нова ТВ on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, е зачуден дека ќе го тужи негов колега за влијание врз судијско одлучување. Прв кој се одважи и охрабри да поднесе кривична пријава е судијата Иван Џолев од истиот суд. Џолев за НОВАТВ потврди дека кривичната пријава веќе ја доставил во Основното јавно обвинителство, но поради сензитивноста на ситуацијата, нема да го открие идентитетот на судијата, ниту пак ќе ги каже неговите иницијали. Но, нагласи дека за делото за кое тужи е предвидена казна од една до пет години затвор.

Медиумите веќе објавија дека станува збор за претседателот на Судот, Владимир Панчевски. Тој пак вели дека нема да коментира ништо се додека не ја види кривичната пријава. Но, е изненаден зошто некој судија би го тужел него.

„Преку медиумите слушнав за ова. Не ми е јасно што е работата. Не ги гледам причините за такво нешто и не верувам дека е за мене пријавата. Ако било така, тогаш пријавата би гласела против Претседателот на Судот, а не против судија, како што беше објавено во медиумите“, изјави за НОВАТВ Панчевски.

Тој додаде дека не се сеќава дека имало ситуација кога тој влијаел на судии, свои колеги, кога одлучувале за притвор или пак кога носеле пресуди.

„Гледам во последно време вакви неосновани обвинувања доаѓаат од некои т.н. експерти по медиумите, а особено често од адвокатот Тортевски, па затоа постојано ги повикувам ако имаат докази за мое влијание врз работата на судиите слободно нека ги објават“, додава Панчевски.

Претседателот на судот вели дека тој работи професионално, но дека постојано е на мета и на некои новинари и медиуми кои правеле спектакли и дека Судот станал институција за политички пресметки.

justicija

Владимир Панчевски веќе 4 години е Претседател на Кривичниот суд и неговиот мандат истекува една недела пред изборите на 4 декември, со можност да биде избран во уште еден мандат. Тој според имотниот лист доставен до Антикорупциската комисија е најбогатиот судија, а на неговото богатство кое вреди над едем милион евра можат да му позавидат и некои поимотни бизнисмени. Тој претседателската функција во Кривичниот суд ја презеде во 2012 година, период во кој од бомбите на СДСМ беше обелоденето дека речиси секој судија за да биде именуван бил запишан во тефтерот на екс министерката Гордана Јанкулоска.

imoten

Панчевски во изминатава година и половина, откако беше формирано Специјалното јавно обвинителство, постојано е прозиван дека е извршител на нарачките на власта и кочничар за случаите кои ги отвори СЈО.

Од судот на чие чело е тој се одбиваат речиси сите барања за мерки за претпазливост, притвор, увид во предмети, налози за претрес, изземање на судии кои ги доставува Катица Јанева. И постојано излегува со соопштенија со политички квалификации за неговите колеги од СЈО, кои ги обвинува дека се нестручни и тенденциозни.

Владимир Панчевски (42) од 2003-2008 година работи во Министерството за финансии, во одделот на финсансиска полиција. Неговото прво вработување во Кривичниот суд е од 2008 година каде што една година работи како истражен судија. Со доаѓањето на Лидија Неделковска за Претседателка во Кривичниот суд, Панчевски е прераспореден во Одделот за организиран криминал и му се доделени дел од најзначајните предмети од организиран криминал. Постапува во повторената постапка за случајот „Армиско оружје“, како и случајот „Пепел“ 2 во кој му се судеше на кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдиу.

Дали Панчевски ќе биде повторно избран за претседател на Кривичниот суд ќе биде познато по изборите. Оти, извесно е дека претседателот на судот ќе се бира по завршувањето на изборите. Но, останува како отворена опција и формирањето на паралелен суд, специјален по теркот на СЈО, за предметите кои произлегуваат од прислушуваните разговори во кои се осомничени и обвинети лица од најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но и директори, градоначалници, судии.

 

 

Владимир Панчевски Илија Џолев Кривичен суд Кривична пријава СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.