Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папатанасиу: Договорот од Преспа е најдоброто што можеше да се добие

0
By Нова ТВ on September 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот од Преспа е добар и за двете страни, па дури и политичари од партиите кои јавно се против признаваат дека не можеше да се постигне нешто подобро, вели за МИА новинарот од грчката државна телевизија ЕРТ, Фанис Папатанасиу, кој долги години го следи спорот со името, а на 5 јули направи интервју со македонскиот премиер Зоран Заев.

Папатанасиу коментира дека договорот е постигнат преку тежок процес, по големи преговори, и со многу труд и драма и од двете страни, поради реакциите и поларизацијата на народот.

– Сметам дека договорот е добар и за Грција и за Скопје. Дури ако некој поразговара со политичари од партиите како што се Нова демократија и Независни Грци кои што се занимаваат со прашањето, го знаат и го следат прашањето, ќе признаат дека е добар договор и тие самите да беа влада истото ќе го стореа. Немаше да направат нешто поразлично, можеби на различен начин ќе ги водеа преговорите, но сметаат дека резултатот е еден многу добар договор што никој немаше да може да посигне нешто подобро во овие околности, вели Папатанасиу.

Улогата на САД

Новинарот од ЕРТ открива дека во целиот процес, уште од самиот почеток значајна улога одиграле Американците, но и политичките раководства во двете земји, како на ниво на шефови на дипломатиите, така и на ниво на премиери.

– Почна една динамика, а основен елемент беше зрелоста и политичкото лидерство што го покажаа двајцата премиери. Но, и храброста што ја покажаа за да одат напред кон еден процес за да се реши прашањето кое ги измачува со децении и регионот и односите меѓу двете земји.

Во однос на реакциите во Грција за договорот Папатанасиу коментира дека биле очекувани, а тој лично очекувал тие да бидат посилни и поинтензивни, а протестите поголеми.

Во пресрет на референдумот кај нас, искусниот новинар од ЕРТ, во разговорот за МИА изразува надеж дека во недела, резултатите ќе бидат позитивни и додава дека доколку предвидениот процес заврши успешно од македонска страна, договорот ќе се ратификува и во грчкиот Парламент.

– Мојата процена е дека ќе помине, гледајќи ја и волјата на народот, кога бев во Скопје за интервјуто со премиерот, во разговор со граѓаните, она што го констатирав е колку народот сака и добри билатерални односи, но и колку се блиску двата народи и поради Солун и поради тоа што сме соседи. На пример, за премиерот или за било кој друг жител на Струмица, полесно е да стигне до Солун или Халкидики, отколку до Скопје. Решението ќе ги доближи уште повеќе двата народи, ќе ја намали дистанцата и страстите, објаснува новинарот и прави споредба со климата на која наишол пред три години кога бил во Скопје за репортажа посветена на бегалскиот проблем. Тогаш, забележал националистичка, непријателска и негативна атмосфера како кон Грција, така и кон неговиот тим.

Договорот носи нова клима на Балканот

Тој истакнува дека Договорот од Преспа е добар и поради тоа што ќе помогне во подобрување на односите и ќе создаде нова клима на Балканот, ќе биде добро во корист и на двата народи, а „соседите ќе ги почувствуваат придобивките и од решението, но и од претпристапниот и пристапниот процес во Европската унија.

– Се надевам и посакувам процесот да оди напред и да не постојат пречки, да нема враќање назад, затоа што во случај да не оди напред, мислам дека ќе биде уназадување кое ќе не врати многу назад и во билатералните односи и многу тешко повторно ќе се најде моментумот за да се реши прашањето, коментира новинарот.

Со оглед на тоа дека долги години ги следи македонско-грчките односи, вели дека во минатото немало можности за подобро решение, а двете земји никогаш не стигнале до точка за да говориме за изгубени шанси.

На почетокот на јули Фанис Папатанасиу беше во Скопје, а интервјуто со премиерот Заев беше објавено на грчкиот јавен сервис. Во разговорот за МИА, новинарот од ЕРТ ги пренесува впечатоците од средбата со Зоран Заев.

-Пред сѐ ми изгледаше искрен. Тоа беше првпат што се сретнавме. Ми се виде дека навистина сака договор, дека е многу блиску до Ципрас и во филозофијата и во размислувањата. Ми се виде дека ја контролира ситуацијата и дека има визија за регионот и сметам дека е човек кој има можност да го истера процесот и да стави крај, да стави печат на едно прашање со кое со децении се занимаваше земјата, но и регионот, а земјата ќе ја доведе на друго ниво, член на Европската унија и на НАТО, открива Папатанасиу во разговор со дописничката на МИА од Атина.

Грција Договор ЕРТ Македонија новинар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.