Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паралелни собири во поделена Србија: Вучиќ од Белград ја брани власта – студентите од Нови Пазар бараат демократија и правда

0
By Zoran Ivanov on April 12, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Србија денеска се одржуваат два паралелни собири, еден во организација на студентите и друг во организација на власта и претседателот Александар Вучиќ и неговата СНС.

Имено студенти и граѓани пешачејќи и возејќи велосипед од Ниш синоќа пристигнаа во Нови Пазар каде денеска се одржува 12-часовниот голем собир „Слободата владее со чаршијата“. Протестот започна во 11 часот пред Државниот универзитет и се очекува да трае до 23 часот, вечерва. На студентите синоќа им беше приреден спектакуларен пречек, а како подарок на градот донесоа бел гулаб, симбол на мирот.

Во меѓувреме кон Нови Пазар организирано се упатија и граѓани од Крагуевац, но и моторџии од Војводина и Белград како и други стотици илјадници луѓе од внатрешноста на Србија.

Сепак, собирот на студентите денеска беше нарушен со инцидент откако група студенти во Нови Пазар денеска околу пладне се обиде да ги запре автобусите со кои од Нови Пазар стотици приврзаници на српската власт тргнуваа кон Белград на големиот митинг на кој ги повика претседателот Александар Вучиќ.

Српски студенти блокираат автобуси со приврзаници на власта во Нови Пазар / Фото: Фејсбук

Студентите седнаа на улицата пред кружен тек во градот, по што интервенираше полицијата, која ги отстрани и ги приведе, јавија српските медиуми.

Паралелно, во Белград се одржува собирот под мото „Не ја даваме Србија“. Програмата ќе започне околу 13 часот, а централниот собир е пред Народното собрание во 19 часот.

Според најавите централниот настан е во 19:00 часот кога се очекува обраќање на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Голем број граѓани од сите делови на Србија но и од земјите од соседството вклучително и од Македонија денеска тргнаа кон Белград да присуствуваат на митингот. Пред зградата на Домот на народното собрание се наоѓа централната бина, до која е поставен голем транспарент „Нема да ја дадеме Србија“.

Претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ денеска изјави дека митингот го симболизира крајот на петмесечниот терор и поделба.

„Овој митинг го симболизира крајот на петмесечниот терор, крајот на поделбите, обединета Србија и Србија која се враќа кон себе, продолжува да работи и победува“, изјави Брнабиќ пред почетокот на митингот.

Првиот ден од тридневниот митинг „Не ја даваме Србија“ почна вчера со дефиле на знамиња, кога беше претставено српско знаме долго 200 метри, кое заедно со граѓаните го донесе претседателот Александар Вучиќ.

Вучиќ на 8 април ги повика граѓаните на овој собир, што ќе трае до утре во име на новооснованото „Движење за народот и државата“.

Во исто време 11 автобуси од Македонија со околу 600 луѓе, утрово тргнале од Скопје кон Белград, каде ќе му изразуваат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, на контрапротестот под мотото „Не ја даваме Србија“, објави „А1он“.

Приврзаници на Александар Вучиќ од Македонија на пат кон Белград / Фото: А1он

Засега нема информација за тоа кој го организира патувањето на фановите на Вучиќ во Белград.

Инаку собирот се одржува во ек на неколкумесечни масовни протести организирани од студентите кои ги блокираат државните универзитети со барање да се утврди одговорноста на властите за смртта на 16 лица кога се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Белград Нови Пазар протести сн Србија студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.