Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз: Прва победа за жолтите елеци-Владата ќе ги суспендира давачките

0
By Нова ТВ on December 4, 2018 СВЕТ
Фото: Time
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 4, 2018 10:04

Францускиот премиер Едуар Филип ќе воведе мораториум на одлуката за зголемување на даноците за горивата, која предизвикаа масовни протести низ Франција, соопштија извори од Владата во Париз.

Како што јави дописникот на МИА, Филип ваквото решение треба да го соопшти во текот на денот и би важело од 1 јануари 2019.

Ова е прва отстатпка на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се соочува со зголемен притисок за изнаоѓање излез од најдлабоката внатрешна криза откако ја презеде претседателската функција во мај минатата година – протестите поради високите такси за горивата, кои резултираа со најголемите немири во Париз во последниве децении.

Француските медиуми во денешните коментари на одлуката на Филип го поставуваат прашањето дали првата отстапка на Владата ќе биде доволно да се запре незадоволството на „жолтите елеци“, кои сега, покрај замрзнување на таксите за горивата, бараат и зголемување на минималните пензии и плати, како и враќање и зајакнување на јавниот сервис.

Филип вчера се сретна со дел од министрите во неговата Влада и со шефовите на главните опозициски партии, со цел да се најдат начини за надминување на кризата.

За денеска беше закажан состанок на Филип со претставници на протестното движење „жолти елеци“, кои веќе трета недела демонстрираат ширум Франција, но изутринава францускиот национално радио Франс Интер објави дека средбата е откажана  откако некои од водачите на протестите добиле закани по животот.

Лидерите на „жолтите елеци“, Жаклин Муро и Бенжамен Коши изјавија дека добиле закани од „тврдокорните демонстранти“, кои ги предупредиле да не преговараат со Владата.

Француските медиуми посочуваат дека всушност главниот проблем на движењето „жолти елеци“ е што нема официјални претставници и  структура, туку настана како израз на граѓанското незадоволство.

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер при вчерашното сослушување пред членовите на Законодавната комисија на Националното собрание, призна дека стратегијата која ја применија силите на редот при протестите во саботата „не била прилагодена на настаните“. Тој презеде одговорност за порпустот, но најави промена на страгеијата за интервенција во случај на нови насилни демонстрации.

давачки за горива демонстрација Париз суспензија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.