Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиите поднесоа првични извештаи за потрошени пари за изборите

0
By Нова ТВ on October 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првите извештаи за трошоците за предизборна кампања стигнаа до ДИК, Државниот ревизор и Антикорупциската комисија.

Првите десет дена од кампањата, на посебната банкарска сметка за избори на партијата на власт, СДСМ, легнале речиси 40.000 евра од донации и околу 211.000 од членарина. СДСМ од оваа сметка до сега потрошила 42.000 евра.

На посебната сметка на опозициската ВМРО- ДПМНЕ,пак, во овој период не легнале средства. Сепак, партијата во извештајот за досегашните трошоци за кампања навела дека потрошила нешто над 1.300 евра, пари од претходна членарина.

И партиите од албанскиот блок трошеле повеќе отколку што добивале.

БЕСА и двете владеачки – ДУИ и Алијанса за Албанците, според финансиските извештаи кои ги приложиле, бележат негативно салдо.

ДУИ потрошила над 143.000 евра, иако на изборната сметка досега и легнале околу 65.000 евра од членарина. Сличен е случајот и со Алијансата. На нивната сметка легнале околу 32.500 евра, а десетдневната кампања ги чинела 36.500 евра.

Опозициската БЕСА, на својата сметка инкасирала вкупно 19.000 евра од донации и членарина, а потрошила 19.500 евра.

Левица со најскромни приходи и расходи на сметката. Во првите две недели од кампањата, партијата за изборно рекламирање добила речиси 2.000 евра, а потрошила околу 1.300 евра.

Вкупно 18 политички партии и независни кандидати поднеле отчет за потрошените пари. Партиите, во извештаите навеле дека главно се финансираат од донации од членовите на раководствата и нивните семејства, како и од приходи што ги поседува самата партија. Партиите ги очекува уште еден финансиски отчет за следните десет дена. Освен тоа, 30 дена по затворањето на сметката тие ќе треба да поднесат и финален извештај кој се должни да го објават на своите веб страници.

За споредба, минатиот изборен циклус, партиите во првите десет дена добиле многу повеќе донации, но и трошеле повеќе.

СДСМ собрала најмногу пари од донации, според првиот финансиски извештај за изборна кампања во 2016. На партиска сметка тогаш се слеале 155.788 евра по основ на донации и уште 379.539 евра од членарина или вкупно 535.327 евра. Тогаш опозициската СДСМ потрошила 155.700 евра.

Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во 2016, за десет дена изборна кампања потрошила шест пати повеќе пари отколку што сбрала преку донации. На нивната сметка легнале 120.838 евра, а потрошиле 714.819 евра.

За парламентарните избори во 2016, во првите десет дена ДУИ потрошила скоро 87.000 евра, додека на партиската сметка по основ на донации се собрани 111.882 евра.

Според пријавените финансии во тој период, ДПА преку донации обезбедлила речиси 10.000 евра, а потрошила близу 7.000 евра.

За претходните избори, во периодот од 21 до 27 ноември, според податоците од првичните извештаи, Транспернси интернешнал констатираше декаполитичките партии само за митинзи потрошиле 300.000 евра и уште толку за медиумско рекламирање.

донации избори пари партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.