Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партизирана полиција:Структури во МВР ги поддржаа нередите во Собрание

0
By Нова ТВ on April 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА ТВ направи хронологија за дејствувањето на полициските сили во текот на вчерашниот ден. Хронологијата е направена врз основа на официјални и неофицијални информации и сведоштва од полициски службеници кои биле активирани во дејствијата во Собранието.

До 18 часот на редовна задача околу Парламентот имало еден вод на ЕБР од 30-тина луѓе и 50-тина униформирани полицајци. Обезбедувањето било во бројка како и секој ден во изминатите два месеца откако почнаа протестите на „Иницијативата за заедничка Македонија“.

Првиот повик за засилување до Оперативниот штаб во МВР пристигнал нешто по 18 часот, веднаш по обидот за влегувањето на демонстрантите во Парламентот. Главен на Оперативниот штаб е министерот Агим Нухиу, но со него командува директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

 

Старешината на водот бара помош и засилување и јавува дека има обиди за влегување во Собранието. Цели два часа Чавков не испраќа засилување. Внатре во Парламентот се истепани пратеници, има нападнати новинари, демонстранти го демолираат инвентарот, ја зазедоа собраниската сала за седници, но директорот на БЈБ не реагира.

Дури по два часа, во 20 часот специјалците од „Тигри“ и ЕБР добиваат наредна од Оперативниот штаб да излезат на терен.

Тогаш почнува акцијата за истиснување на топлата пред Собрание, за исфрлање на демонстрантите од зградата и евакуација на пратениците. Беа потребни само неколку шок бомби за да се растера масата народ, но тоа се случи дури откако специјалците излегоа на терен.

Симптоматично е, велат нашите извори во МВР, како лицата со маски и качулки точно знаеле каде се наоѓа прес центарот во кој прес конференција држеше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и останатите пратеници од мнозинството во Парламентот. Зградата на Собранието е огромна, а тие се упатија веднаш на вториот кат, на точната локација.

„Тоа значи дека некој ги насочувал каде да се движат“, велат изворите на НОВА ТВ.

Дел од насилниците се идентификувани и се работи за лица со дебели полициски криминални досиеја, познати рекетари блиски до партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во МВР очекуваат дека сега ќе има внатрешни истраги за да се испита командната одговорност на Чавков, но и за улогата на други полицајци кои на влезот ги пропуштаа демонстрантите да влегуваат.

Инаку, Митко Чавков како директор на БЈБ го назначува и разрешува Владата. Министерот има надлежност да смени и именува началници.

 

 

МВР Нереди полиција Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.