Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пасошите вратени, членовите на Левица не смеат да ја напуштат државата

0
By Нова ТВ on September 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 13, 2016 11:58

Иако Кривичниот суд пред два месеца одлучи да ги врати пасошите на демонстрантите Здравко Савески и Владимир Куновски, забраната за напуштање на државата се уште не е укината.

Демонстрантите кои се товарат за демолирање на Канцеларијата на Иванов за време на протестите против аболицијата, велат дека врз нив се врши изживување.

– Сакам да нагласам дека иако судот на претходното рочиште нас ни ја укина мерката за забрана за излез од државата, полицијата користи бирокрaтски механизми, цели два месеци да не ја трга забраната за излез од државата за мене и колегата Куновски. Тоа го сметам за изживување, но нека не берат гајле, нас не можат така лесно да не скршат. Режимот кој е осомничен за сторен крупен криминал и крадење на народните пари шетаат слободно, борците против криминалот, режимот води постапки против нив, рече Здравко Савески по денешното рочиште.

Савески вели дека иако во МВР доставиле решение дека мерката на претпазливост е укината, сепак од МВР им посочиле дека потребен е службен допис од Судот. Од Судот велат дека уште еднаш ќе ја извести полицијата дека мерката е укината.

Судењето за двајцата демонстранти кои се членови на политичката партија Левица денеска се соочија со повторно одложување на рочиштето, бидејќи Судот ги нема добиено сите прекршочни постапки кои се водат за целиот настан. Судот уште чека да се достават сите прекршочни пријави и да се направи проценка кој колку направил штета на објектот.

-Од МВР не добија одговор за прекршочните постапки којшто се водат во врска со целиот настан. За овој настан се водеа прекршочни и кривични постапки што секако има импликации во однос на понатамошното барање на штета, во однос на некаков солидарен договор. До денешниот ден не беше стигнато тоа и затоа се одложи, посочи адвокатот Сашо Дуковски.

Од страна на Јавното правобранителство штетата беше проценета на 522 илјади денари. Судењето продолжува на 18. октомври

Владимир Куновски Здравко Савески Левица судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.