Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Патриотски потерници“ по Пендаровски, Богоевски и Туфегџиќ

0
By Влатко Чаловски on March 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2017 13:10

Во повеќе населби низ Скопје, утрово осамнаа флаери изработени во вид на потерници за предводникот на СДСМ во ИЕ 1 на изборите одржани на 11.декември, Стево Пендаровски, како и за новие пратеници, активистите Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ кои на изборите беа поддржани од СДСМ.

На „Се бара за предавство“ флаерите, вметнати се неколку точки според кои, оној кој што ги изработил тврди дека Пендаровски, Богоевски и Туфегчиќ прифатиле работи кои се противуставни, додека во исто време ниту еден од нив не донел било каква одлука во Законодавниот дом.

Како што реагираат тие, овој тип на пропаганда, бил производ на ВМРО-ДПМНЕ.

Стево Пендаровски вели апсурдно е да ја коментира идејата на врвот на партијата ВМРО-ДПМНЕ за манипулативните флаери кои се шират од страна на членови на партијата за покажување на некаква “загриженост“.

– Не сакам да коментирам вакви лаги и манипулации, но не верувам дека овие флаери се дело на загрижени граѓани туку се по нарачка на врвот на режимот кој на ваков начин се пресметува со своите политички опоненти. Се надевам дека ќе останат само на ваков вид закани и дека нема да преминат во физички пресметки со нивните неистомисленици, кусо коментира Пендаровски.

Новоизбраната пратеничка Ивана Туфегџиќ пак, вели за “потерниците“ била известена од нејзини пријатели кои утрово ги забележале низ Ѓорче Петров, а кои биле залепени по бандерите и на автобуската станица.

– Ова не е прв пат. Прво беа транспарентите пред мојот дом, па закани на социјалните мрежи, сега ова. Пак ќе напоменам моето семејство не е избрано од граѓаните да врши функција, јас сум избрана и да, нормално е сето ова да ги вознемирува, особено бидејќи се работи за гнасни лаги и манипулации. Нарачателот е важен, а не оние кои ги лепат овие плакати, а нарачателот е јасен се вика ВМРО-ДПМНЕ и обвинетиот Никола Груевски, вели таа.

Новата пратеничка во Собранието потенцира дека не постои закана, етикетирање или било што слично кое може ќе ја одврати од она во кое верува, а тоа е правна држава во која сите граѓани без разлика на припадност ќе бидат еднакви и пред законот и пред институциите и еднакво ќе партиципираат во нивната функционалност.

– Ме етикетирале и претходно и тоа никогаш не ме спречило да продолжам да се борам, нагласува Ивана Туфегџиќ.

Овие летоци се оставени во поштенски сандачиња и на автомобили низ населбите каде што тројцата живеат.

Тврдокорни и протести „За чиста Македонија“

Откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави влада по изборите во законски предвидениот рок, и започнаа преговорите меѓу СДСМ и албанските партии, протестот на т.н Тврдокорни беше предвесник на протестите кои сега секојдневно се одвиваат  под името „За заедничка Македонија“ а кои почнаа веднаш по интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на телевизијата Сител, кога ги повика граѓаните да излезат на улица и да си ја одбранат државата.

Оттогаш наваму регистрирани се повеќе вербални напади врз независни новинари како и претставници на СДСМ.

 

ВМРО-ДПМНЕ Ивана Туфегџиќ Павле Богоевски потерници СДСМ Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.