Педесетина граѓани на Скопје се повредиле додека се обидувале да избегаат од своите домови за време на земјотресите во Скопје.
Како што објави zdravstvo24.mk најмногу, над 30 пациенти со скршеници на рацете и нозете, расекотини попладнево примени се во Клиниката за хируршки болести св.Наум Охридски.
Десетина пациенти пак, се третирани во ГОБ 8 септември.
Како што изјавиле некои од пациентите, се повредиле додека се обидувале да избегаат од домовите за време на силниот земјотрес. Некои паднале по скали, други пак скокале од терасите од пониските спратови.
Брзата помош само за 2 часа интервенирала кај 6 пациенти повредени при земјотресот. Сите биле транспортирани во скопските болници.
Во Ургентниот центар при клиничкиот центар примени се двајца работници кои за време на земјотресот околу 15.10 минути работеле во магацин. Едниот имал потрес, а другиот се здобил со расекотини