Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Борбата за повеќе права и еднакви можности треба да продолжи

0
By Нова ТВ on May 17, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: pretsedatel.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 17, 2020 10:28

Борбата за повеќе права и еднакви можности треба да продолжи додека и најранливите меѓу нас не ги уживаат основните човекови права и не прифатиме дека ние живееме едни со други независно од нашите разлики. Положбата на ЛГБТ-луѓето во земјава е сè уште на незавидно ниво, многу од нив живеат во страв за општествената прифатеност и социјална положба, наведува претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод по повод 17 мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.

„Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата – 17 мај оваа година, за жал, го дочекуваме по одлуката на Уставниот суд да го укине Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој стапи на сила пред една година. Законот за спречување и заштита од дискриминација беше огромен исчекор, забранувајќи секаква дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа“, наведува шефот на државата во пораката.

Претседателот Пендаровски натаму потенцира дека со овој закон се обезбедува професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, преку зголемување на нејзината независност и надлежност.

„Очекувам идниот парламентарен состав, веднаш по конституирањето да го стави Законот како една од приоритетните точки во својата работа. Како земја која има аспирации да биде дел од семејството на современите евроатлантски демократии, не смееме да дозволиме да немаме ефикасна законска рамка која ќе ги штити маргинализираните заедници, соодветно на вредностите на отворено и демократско општество“, истакнува претседателот Пендаровски во пораката по повод 17 мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.

17 мај Бифобија Порака Прваа Стево Пендаровски Трансфобија хомофобија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.