Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Доволни се 14 дена, позитивни се трендовите во справување со пандемијата

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 15, 2020 17:14

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со ковид-19. Како причина за тоа го наведе спроведување на економско-социјалните мерки, како и здравствените. На седницата на Советот за безбедност присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Оливер Спасовски, министрите за внатрешни и за надворешни работи, Наќе Чулев и Никола Димитров, професорите Трајан Гоцевски, Ветон Љатифи и Ненад Марковиќ, како и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски.

Пендаровски по седницата на Советот за безбедност потенцираше дека во врска со продолжувањето на вонредната состојба се консултирал со повеќе експерти. Тој по седницата рече дека Советот за безбедност заклучил дека надлежните институции работат координирано и оти ситуацијата е подобрена и оти евидентно е дека како држава добро се справуваме со коронакризата.

„Со оглед на позитивните трендови на смирување на состојбата со пандемијата, сметам дека 14 дена се доволни. Причина за ваквата одлука е од имплементирање на економско-социјалните мерки за ублажување на последиците од пандемијата кои веќе сега се чувствуваат како резултат на фактот што огромен број на фирми не работеа и сè уште не работат. Бев информиран дека кон крајот на месецот се очекува да склучиме кредитен аранжман со Европската ванка за обнова и развој во висина од 160 милиони евра. На таков начин се овозможува на Владата да продолжи, со Уредбите со законска сила, да овозможува на целокупниот здравствен сектор за успешно да се справува со пандемијата“, образложи меѓу другото Пендаровски по објавената одлука за продолжување на вонредната состојба за дополнителни две недели.

Шефот на државата нагласи дека траењето на вонредната состојба од 14 дена нема никаква корелација со датумот за избори. Тоа е посебна тема која, како што кажа, ќе се дискутира на следната лидерска средба на почетокот на идната недела. Осврнувајќи се на, како што рече, многубројните реакции од граѓани на мерките за справување со коронавирусот, а се на пример поврзани со ограничувањето на движењето, затворањето на школите и градинките или на стопанските субјекти, Пендаровски потенцира дека тие не се на ниеден начин поврзани со декларирањето на вонредната состојба.

„Поинаку кажано, дури и во вонредна состојба тие можат да бидат укинати“, рече Пендаровски.

Притоа претседателот на државата побара од Владата да размисли за постепено намалување на рестрикциите на движењето на граѓаните и во однос на работата на стопанските субјекти. Советот за безбедност, како што рече Пендаровски на прес-конференцијата, заклучил дека надлежните институции работат координирано со сите капацитети и ресурси за справување со пандемијата. Ситуацијата е подобрена во споредба со претходниот период и оти евидентно е дека стратегијата за справување со коронакризата дава резултати што укажува на тоа дека како држава добро се справуваме со коронакризата.

Членовите на Советот биле информирани за планот за релаксирање на мерките по фази и за димензионирање на безбедносните протоколи што се уште се работат за некои стопански дејсноти. На седницата бил разгледан и извештајот на Владата за спроведување на вонредната состојба прогласена на 17 април, а премиерот Спасовски го образложил предлогот на Владата за повторно прогласување на вонредната состојба во траење од 30 дена.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 53. седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена“, стои во владиното соопштение.

Министерот Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 денови или помалку. Втората триесетдневна вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот завршува на утре (16 мај).

вонредна состојба Македонија Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.