Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски на конференција посветена на жените во полицијата: Сакам да придонесам за унапредувањето на родовата еднаквост во Северна Македонија

0
By Marija Todorovska on March 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 7, 2024 11:42
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Регионалната конференција за род и безбедност – Скопје 2024, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР. Оваа конференција се одржува во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

„Повеќе истражувања и извештаи покажуваат дека жените имаат важна улога во градењето на стабилно и демократско општество. Со поголемо вклучување на жените во полицијата, и тоа на сите нивоа и во сите сектори, центри, оддели и единици, само ќе се подобри функционирањето на институцијата во целина. Затоа што на таков начин се засилуваат внатрешната кохезија и потенцијалот на безбедносните институции поуспешно да ги реализираат уставните и законските обврски“, рече Пендаровски.
„Искуствата од најразвиените држави покажуваат дека полициските службенички и припаднички на полициските единици можат многу успешно да разрешуваат ситуации што вклучуваат родово-базирано и семејно насилство каде што жртвите се жени и деца“, додаде тој.
„Неодамна бевме информирани дека во Единицата за службени кучиња при МВР беше промовирана првата жена-водач на службено куче кое е дресирано да открива огнено оружје и муниција. Ова е пример што треба да се следи во секој сегмент на безбедноста. Тоа подразбира не само да се зголеми бројката на жените во полицијата, туку и да се поддржи нивното кариерно напредување во секој сектор, во секоја единица. Клучен дел од европските реформи за кои толку многу зборуваме е борбата против стереотипите и предрасудите од минатото што ги ставаа жените во нерамноправна позиција во безбедносниот сектор. Ние мора да ги промениме тие навики кои се длабоко вкоренети во нашиот менталитет“, посочи Пендаровски во своето обраќање.
 Оваа регионална конференција посветена на родот и безбедноста организирана од ОБСЕ и од ОДИХР,се одржува во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

 

8 март Конференција за род и безбедност Меѓународен ден на жената ОБСЕ Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.