Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Нема закани за Македонија

22
By Нова ТВ on May 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 10, 2018 13:59

Ако не добиеме покана за членство во НАТО, наш предизвик во следниот период,  наспроти нечии катастрофични предвидувања, нема да биде сочувување на територијалниот интегритет и суверенитет, бидејќи такви закани нема, туку развојот на демократските институции и економијата, истакна Стево Пендаровски, национален координатор за членство во НАТО на денешната дебата „Предизвиците на Македонија пред Самитот на НАТО во 2018“.

Пендаровски рече дека е важно фокусирањето врз економскиот развој, особено од аспект на странските инвестиции, кои објективно многу полесно доаѓаат, особено во земји кои се дел од еден широк и стабилен безбедносен режим.

Тој нагласи дека негова основна теза е оти нашите предизвици се многу специфични. Споредено со другите земји аспиранти, ниту една друга земја нема сличен проблем.

Горан Бартол, шеф на Канцеларијата на НАТО во Скопје, посочи дека многу е охрабрувачки тоа што Владата организираше серија настани за да го одбележи Денот на НАТО кога пред 69 години беа официјално поставени темелите на НАТО со потпишување на Северноатлантскиот договор во Вашингтон.

– Многу е охрабрувачки тоа што гледаме поголема динамика во  евтоатлантската интеграција на земјата. Исто така, гледам дека денешната конференција е дел од интензивните напори да се потенцира важноста на евроатлантските интеграции. Постигнавме голем напредок, но има уште многу што да се направи, рече Бартол.

Шефот на НАТО, исто така, повтори дека вратата на НАТО останува отворена за Македонија.

-Политиката на отворени врати е воспоставена со Договорот од Вашингтон. Пристапувањето е историски успешна приказна, секоја рунда на проширување донела стабилност и просперитет во Европа, рече Бартол.

Тој нагласи дека примерот на Црна Гора е јасна демонстрација дека вратите на НАТО остануваат отворени.

– Во овој тежок потфат ќе ја добиете секоја поддршка која НАТО може да ви ја даде. НАТО сака да ја види вашата земја како ги постигнува своите аспирации и како успешно се интегрира за стабилна, сигурна и демократски просперитетна земја. НАТО канцеларијата останува во Скопје за да асистира при целокупниот прогрес на земјата и да помогне да се олесни процесот. Како шеф на НАТО во Скопје јас сум многу среќен што во текот на изминатата година видовме зголемена соработка со властите и со доверба можам да кажам дека оваа блиска соработка ќе продолжи. Ве поздравувам и се надевам дека целта на оваа земја да стане 30. членка на НАТО –Алијансата наскоро ќе стане реалност, додаде Бартол.

Нора Алити, поранешна пратеничка, посочи дека не треба да се разочаруваме доколку на претстојниот Самит на НАТО не добиеме покана за влез.

– Голем предизвик за нас е да се подготвиме дека може да не добиеме покана за членство, рече Алити.

Ненад Мехмедовиќ, претседател на Институтот за јавна политика, ја претстави новата веб-страна на НАТО www.nato.mk на која ќе бидат објавувани точни и навремени информации за патот на Македонија кон НАТО, како и за самата Алијанса.

Бартол дебата НАТО Нора Алити Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.