Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Ниту една унитарна држава со два јазика не била уништена

1
By Влатко Чаловски on September 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту една земја со унитарен карактер која има два официјална јазика досега не е униптена, му порача пратеникот Стево Пендаровски на своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска опонираа во своите говори и предупредуваа во рамките на Комисијата за европски прашања против носењето на Законот за употреба на јазиците.

„Неспорно е дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Македонија, можеме само да зборуваме за степенот на употреба. И во таа насока сакам да кажам дека сегашното решение е максимална екстензија на употребата на јазикот како право на етничките Албанци и се согласувам со тоа. Главен заклучок е дека македонскиот јазик не е загрозен и на етничките Македонци не им е одземено ниту едно право за употреба на македонскиот јазик“, рече Пендаровски.

Тој во својот говор напомена неколку држави кои имаат политички системи исти или слични на македонскиот, а во кои официјални се два јазика, а кои притоа опстанале и не се ништени.

Белорусија, (руски и белоруски јазик), Црна Гора (црногорски, српски, албански, босански), Ирска, Кипар, Израел, Луксембург, Нов Зеланд се дел од земјите кои Пендаровски, потенцираше, дека имаат два или повеќе официјални јазика.

На ова реплицираше, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека иако го почитува Пендаровски како стручњак во полето на меѓународните политики и уредувања, сепак минатото покажало дека “максимумот на барања“ од страна на политичарите Албанци никогаш не застанал.

Димовски воедно дополни дека ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови неговата партија ќе поднесе амандмани за измени во предлог-законот од Владата со цел да се отстранат како што вели тој, устаните аномалии на законот, и ќе се дополни со предлози за правата за употреба на јазикот на останатите етнички заедници кои живеат во Македонија, притоа напоменувајќи дека тоа ќе биде тест за волјата на СДСМ и ДУИ кои се во владина коалиција за да покажат дека ова не е само политички договор туку дека навистина се грижат за правата на етничките заедници.

Пендаровски повтори дека лично тој, семта дека предлог-законот е одличен и не е на штета на Македонците, и дека ќе ги почека мислењата од Уставниот суд и Венецијанската комисија и дека се друго што би било надвор од од овој предлог-закон нема да ја добие ниту неговата поддршка.

Денешната седница на Комисијата за европски прашања на која за прв пат се најде Законот за употреба на јазиците, беше долга иако главно четворица пратеници зборуваа, и тоа пред се, Антонијо Милошоски и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ како и Џеват Адеми од ДУИ пред Стево Пендаровски од СДСМ. Комисијата ќе продолжи со работа утре, а максимумот што може да трае е до крајот на работниот ден во четврток, кога потоа предлог-законот треба да се најде на пленарна седница.

Закон за јазици Илија Димовски Стево Пендаровски унитарност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.