Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Обврските до Самитот на НАТО во 2018 ќе бидат завршени

0
By Нова ТВ on December 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашите обврски до следниот Самит во јули 2018 година ќе бидат завршени, но, во процесот за прием на нови членови свое влијание ќе имаат и националните калкулации на останатите 29 земји-членки поради консензуалниот принцип на одлучување за разлика од Самиот во Букурешт, вели во интервју за „Дојче веле“, Стево Пендаровски национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО кој изразува надеж дека овојпат ќе биде доминантен колективниот интерес за безбедна Европа.

За тоа што е реално сменето девет години по Самитот на НАТО во Букурешт, Пендровски посочува дека суштински е сменет и надворешниот и внатрешниот амбиент.

„Во меѓувреме, три нови држави од регионот станаа членки на НАТО. ЕУ остана на Балканот само технички, во суштина се пасивизираше поради внатрешните несогласувања за иднината на европскиот проект, а САД, кои по 11-ти септември веќе го имаа препуштено регионалното лидерство на Брисел, се преместија кон Пацификот, подготвувајќи се за битката за глобално лидерство со единствениот реален конкурент – Кина. Тоа остави празен простор за поголемо присуство на Русија на Балканот, но и за самостоен продор на Турција која во регионот почна да се појавува и надвор од својата долгогодишна западна рамка. Во отсуство на ефективен надворешен мониторинг, неколку регионални лидери започнаа со недемократско однесување без да почувствуваат санкции од Брисел, а меѓу нив, за жал, беше и нашиот долгогодишен премиер кој етаблираше школски пример на автократски режим, невиден на овие простори по падот на Милошевиќ. Во овој контекст, не е прецизно ако кажеме дека изјавата на Кери за ‘државите на линијата на фронтот’, го означи почетокот на американското вмешување во споменатите земји, затоа што кога тој го изговара тоа во американскиот конгрес, кај нас веќе се слушаат ‘бомбите’ на Заев, Србија ја има истата власт која и тогаш и сега активно соработува во неколку НАТО-програми, Косово никогаш и не било под руско влијание, а во Грузија и Молдавија (кои се споменати во изјавата), во меѓувреме, не е регистрирано побитно американско вмешување“, вели Пендровски.

Во интервјуто тој истакнува дека пред Букурешт ние навистина имавме политичка стабилност и пристојни меѓуетнички односи заради што и добивме статус на кандидат за ЕУ.

„Иронија на историјата е дека денес, буквално сите реформски напори на Владата се насочени, всушност, кон доаѓање до нивото кое веќе го имавме достигнато во декември 2005-та“.

„Според проценките на НАТО, Македонија во 2008-та ги имаше исполнето критериумите за членство, така што и покрај долгогодишните напори на режимот во спротивната насока, во воено-техничка смисла најбрзо можеме да се вратиме на старите позиции. Меѓутоа, тука сакам посебно да го нагласам влијанието врз развојот на економијата како резултат на членството во НАТО. Сите поранешни комунистички држави кои беа примени во Алијансата забележаа скок во странските директни инвестиции уште во првите две години. Несоборлив факт е дека притоа, не е забележан ниту еден исклучок, почнувајќи од првиот бран во 1997 година, сѐ до најновите членки – Хрватска, Албанија и Црна Гора. Внатрешните реформски напори се битни, поволното регионално опкружување исто така, но, имиџот на земја со предвидлива иднина е незаобиколен фактор при одлуките за движењето на капиталот. Да заклучам: нашите обврски до следниот Самит во јули 2018 година ќе бидат завршени, но, во процесот за прием на нови членови свое влијание ќе имаат и националните калкулации на останатите 29 земји-членки поради консензуалниот принцип на одлучување. Се надевам дека овојпат, за разлика од Букурешт во 2008 година, колективниот интерес за безбедна Европа ќе биде доминантен“, вели Пендаровски во интервјуто.

Посочува дека  во последниве три години Македонија никогаш не била политички постабилна со позитивни индикатори за целосно враќање во нормален колосек во 2018-та година.

„Фазите на ‘Планот 3-6-9’ се навистина компримирани, но остварливи. Имено, во првите три месеци се дефинира концептот за реформи во правосудството и во службите за безбедност, за шест месеци се поставуваат нормативните основи за модификација на системите, а во последната третина ќе бидат видливи првичните резултати. Тука морам да го додадам и спорот за името, затоа што е јасно дека станува збор за круцијален предуслов за членство, кој поради историските и емоционални наслаги е и најтежок за решавање. Илузорно е за помалку од една година да очекуваме да видиме заокружен систем на зрела демократија, но, објективно, процесот на обнова на темелно упропастените институции и не може да се одвива побрзо. Накусо, споредено со точката од која тргнавме, Македонија напролет ќе има завидно портфолио, иако во однос на спорот за името, половина од работата нема да зависи од нас“, вели во интервју за Дојче веле Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски пред десетина дена беше именуван од Владата за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО. Македонија последен пат имаше национален координатор за НАТО во периодот од 2006 до 2009 година, кога на таа функција беше сегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Функцијата остана „во мирување“ по неуспехот на Македонија да добие покана за членство на Самитот во Букурешт, во 2008 година.

Македонија НАТО Самит Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.