Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски-Вучиќ: Споделуваме визија за заедничка иднина во големото европско семејство

0
By Нова ТВ on November 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белград и Скопје имаат многу добри односи, со поголема доверба од порано и со подобрена економска соработка, оценија претседателите на Северна Македонија и на Србија, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ по нивната денешна средба во српскиот главен град.

„Во политичките односи, освен различни погледи за независноста на Косово, немаме други отворени прашања. Сакаме да ги градиме најблиските пријателски односи. Белград и Скопје имаат многу добри односи, ми се чини со поголема доверба од пред една или две години и тие односи ќе одат само во подобра насока“, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со Пендаровски.

Вучиќ додаде дека имал отворен разговор со претседателот Пендаровски за сите клучни прашања во билатералните односи на двете земји, регионалните иницијативи и клучните регионални прашања. Тој потсети на Новосадската и Охридската иницијатива и нагласи дека е горд на договорот постигнат меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.

„Знам дека не е најпопуларен, но мислам дека е иднината. Не само за нашиот регион. Паметен избор е да се преживее во ситуација кога не знаете како оди Европа. Не да се понуди алтернатива, затоа што не е за споредба, но ние имаме обврска да го направиме сами она што можеме. Затоа сум задоволен од иницијативата и уверен сум дека тоа ќе донесе просперитет на овие земји и нации“, додаде Вучиќ според кого економската соработка меѓу двете земји напредува и оти трговијата се очекува да биде близу една милијарда евра оваа година со регистрирано зголемување од 7,6 отсто во оваа година.

Претседателот Пендаровски изјави дека неговата денешна посета на Белград е уште една потврда за односите на добрососедство и меѓусебно разбирање меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, но и уште една можност заеднички да ја потенцираат важноста и посветеноста на градењето, одржувањето и унапредувањето на меѓусебниот дијалог, како меѓу себе, така и пошироко во регионот.

„Нашите земји и народи ги поврзува долга историска и културна традиција, а ја споделуваме и визијата за заедничка иднина во големото европско семејство. Оттука, контактите на највисоко ниво меѓу нашите две земји имаат посебно значење и даваат силен сигнал и за понатамошен развој на пријателството и соработката на сите други нивоа, додаде Пендаровски.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски е во дводневна официјална посета на Србија, а покрај неговиот домаќин Александар Вучиќ ќе оствари средби и со премиерката Ана Брнабиќ, претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ и со првиот човек на Стопанската комора, Марко Чадеж. За утре (сабота, 23 ноември), Пендаровски ќе учестува на 4. Регионален младински форум во Нови Сад и ќе се обрати на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците” заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Александар Вучиќ посета Србија Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.