Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски за Дојче Веле: намерата на владата е да одиме кон држави кои се со антиевропски ставови и кон држави кои во ЕУ се „црна овца“

0
By Zoran Ivanov on May 31, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 31, 2025 16:35

Владата нема потпишано договор за стратешко партнерство со Обединетото кралство, а од администрацијата на Доналд Трамп досега доби само царини, вели во интервју за ДВ поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски.

На прашањето на ДВ за изјавата на м инистерот за надворешни работи во која рече дека САД се наш стратешки партнер, а ЕУ наша стратешка цел, Пендаровски вели дека тоа е гола реторика.

„Тоа е гола реторика, што е впрочем специфика за нашиот министер за надворешни работи. На сите луѓе што се од оваа влада ангажирани на полето на надворешната политика им е совршено јасно дека таа влада нема намера да оди кон ЕУ под овие услови.

Ние сме прв случај во историјата на европските интеграции која од позиција на кандидат за членство поставува услови кон земја-членка на ЕУ… Бугарија да признае 14 пресуди од Стразбур, да признае постоење на македонско малцинство итн. Сите тие пораки се наменети за домашната публика. Оваа влада нема никаква намера да менува Устав, да ги става Бугарите или да оди кон Европа. А тоа е единствен услов.

Нашата влада, не случајно, бира една од 27 земји-членки на ЕУ, веројатно ќе следат и други две, која ја именува како стратешки економски партнер. Тоа е Унгарија. Можете да замислите какви се реалните амбиции за европско интегрирање на оваа влада кога имаме изјава дека од Орбан може многу да се научи. Тоа е човекот кој го измисли терминот „илиберална демократија“, се фали со тоа, и се дружи со слични на него во светот. И ние сега од тој човек ќе учиме?!

Зошто ние не се обидеме да направиме стратешко партнерство со Германија? Еве Германија сега има конзервативна влада. Во ЕПП се заедно (со ВМРО-ДПМНЕ, н.з.).

Значи намерата е да одиме кон држави, Трамп, кои се со антиевропски ставови, и кон држави во ЕУ кои се „црна овца“. Унгарија е држава од која ние треба да научиме многу, а за која започнува процедура за да и се одземе правото на глас во ЕУ. Што ќе научиме ние од нив?“, изјави Пендаровски.

За одбележувањето на една година Влада на Мицкоски, поранешниот претседател вели дека е непријатно изненаден од водењето на државата кон другите недемократски земји.

„Морам да ви кажам дека сум прилично непријатно изненаден. Затоа што не верував дека ќе бидат толку некапацитетни и дека ќе има такво катастрофално менаџирање внатре во владата. Практично имате премиер кој ги супституира сите 15-20 ресори во владата, а другите се само фигури.

Имате ситуации, како спогодбата со Британија за финансиско задолжување која ја потпишува министерот за транспорт, а не министерката за финансии.

Некои потези мене ме збунија, на пример ставате потполно неквалификувани лица во витални државни органи како Агенцијата за национална безбедност. Човек што не може да обезбеди сертификат дека познава англиски јазик и морал да фалсификува диплома, токму од Бугарија.

Имате премиер кој јавно му се заканува на јавниот обвинител да си поднесе оставка. Или прави класичен политички упад преку интерпелација за членови на Судски совет кои се бирани во Собрание, затоа што биле бирани од претходното политичко мнозинство. Во превод, сака да каже: сакаме нашево политичко мнозинство да каже кој ќе биде таму, а тие ги оценуваат судиите и нивната работа“, истакна Пендаровски.

За претседателката Гордана Силјановска Давкова, тој смета дека е невидлива во областите во кои треба да биде највидлива, се однесува или како следбеник на владата или избегнува да си ги преземе и да ги врши  нејзините функции според Уставот, вели Пендаровски во интервју за Дојче Веле.

 

 

Влада ЕУ изненаден Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.