Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Законот за заштита од дискриминација да биде меѓу приоритетите на новото Собрание

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2020 14:47

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими организаторите на манифестацијата „Скопје Прајд“, која оваа година поради пандемијата на Ковид-19 се одржува виртуелно во периодот 20 до 30 јуни. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, претставниците на граѓанските организации кои работат на „Скопје Прајд“ го информираа Пендаровски за планираните активности кои имаат за цел подигнување на јавната свест, разговори за клучните теми, како и музички и културни активности кои ја слават различноста.

Претседателот Пендаровски, се наведува во соопштението, ги поздрави активностите на сите организации и активисти кои работат за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата и сите маргинализирани заедници со цел нивна поголема видливост во општеството и остварување на нивните основни човекови права.

„Соговорниците истакнаа дека во однос на статусот на ЛГБТИ заедницата, потребни се ефикасни системски решенија. Законот за заштита од дискриминација е укинат од Уставниот суд, а со него се овозможуваше за првпат заштита на сите ранливи групи, како и професионална комисија за спречување и заштита од дискриминација, преку зголемување на нејзината независност и надлежност. Во таа насока претседателот Пендаровски истакна дека ќе побара од следниот парламентарен состав да го стави законот на приоритетна листа за донесување“, се наведува во соопштението.

На средбата, како што се посочува, се разговарало и за другите чекори што се потребни со цел унапредување на состојбата на ЛГБТИ луѓето, како подигнување на јавната свест, ефективна примена на законите, особено за дела од омраза, заштита од дискриминација и поддршка на ранливите лица на кои им е потребна интеграција во општеството.

Претседателот Пендаровски посакал успешна реализација на „Скопје Прајд“, додавајќи дека соработката меѓу граѓанскиот сектор, активистите и заедницата со јавните институции е многу значајна затоа што често искуството што доаѓа директно од терен од граѓанскиот сектор е клучно за да се направат системските решенија.

„Скопје Прајд“ ЛГБТ заедница Македонија претседател Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.