Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет години на ЛГБТИ Центарот при Хелсиншки: Преживеавме!

0
By Нова ТВ on November 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 1, 2017 13:01

ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, вчеравечер го прослави својот јубилеен петти роденден во Музејот на современата уметност во Скопје.

-Преживеавме! Затоа сакавме да прославиме вечерва. Навидум мал, но за нас значаен јубилеј. Овие пет години беа предизвикувачки за нас, но и поучни, научивме многу. Два од нападите врз Центарот беа токму на роденденот. Многупати го кршеа Центарот, но не не скршија. Неказнувањето на насилниците од минатата власт беше најлошата порака, и охрабрувачка за нив. Правда мора да има за сите. Нашите закони мора да ги препознаваат кривичните дела направени од омраза заради сексуална ориентација или родов идентитет и изразување. Законот за спречување и заштита од дискриминација треба да ги препознае овие основи.“, со овие зборови се обрати Кочо Андоновски, програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, споделувајќи ја возбудата конечно да го славиме роденденот во пострежимска Македонија, но и јасно ја покажа намерата за активно вклучување на Центарот и на ЛГБTИ активистите во унапредувањето на легислативата и условите за живот на сите ЛГБТИ луѓе во земјава, велат од Хелсиншкиот комитет во денешното соопштение.

На прославата, покрај големиот број лезбејки, бисексуалки и бисексуалци, геј мажи, транс лица, покрај големиот број поддржувачи, партнери, пријатели беше и премиерот на Република Македонија г. Зоран Заев.

-Ви ја честитам 5-годишнината од формирањето на ЛГБТИ Центарот и ве охрабрувам да бидете гласни, слободно да се изразувате и да дејствувате во насока на заштитата на правата на граѓаните, рече Заев.

Тој ја истакна заложбата на Владата на Република Македонија да го усогласи домашното законодавство со меѓународните стандарди за човекови права, а прв чекор кон тоа е подготовката на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, за којшто јавната расправа е во тек.

Премиерот, реферирајќи на нерасчистените напади врз ЛГБТИ Центарот испрати јасна порака: „…дека тие времиња на беззаконие, на кршење на човековите права по кој било основ се минато, затоа што Владата на Република Македонија поставува темели на држава којашто е заедничка за сите и којашто ќе се стреми да ги штити правата на секој, без разлика на какви било различности, припадност, уверувања и слично“.

Во историјата на Република Македонија ова беше прв пат премиер да присуствува на настан и отворено да даде поддршка на ЛГБТИ луѓето.

-Ова е прв роденден кој го славиме во слобода!, рече Уранија Пировска, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човеки права, го отвори настанот.

Таа пред се’ потсети во каков контекст овој Центар беше отворен и колку беше потребен:

-И денес горда сум на тоа колку лезбејки, бисексуалки и бисексуалци, геј мажи и транс лица поминаа низ настаните на центарот, низ групите за поддршка, колку од нив беа дел и ги креираа програмите на центарот. Токму тие луѓе го направија Центарот тоа што е денес “.

ЛГБТИ Центарот за поддршка беше основан за да обезбеди безбедно место и поддршка на ЛГБТИ луѓето од земјава. Во текот на изминатите пет години, во Центарот се одржаа повеќе од 150 јавни настани, дебати, читателски клубови, социјални настани, пеесетина лица добија психо-социјална или помош при остварување правна заштита, над 120 затворени сесии на групите за поддршка на геј мажи, лезбејки, бисексуалки, бисексулци и транс лица. Во овој период, се основаа 5 јадра на локално ниво, 10 луѓе го направија својот јавен каминг аут преку кампањите организирани од Центарот и над 15 јавни личности јавно застанаа со поддршка на правата на ЛГБТИ луѓето.

На прославата на роденденот на ЛГБТИ Центарот за поддршка беа споделени и постигнувањата на неодамна отворената Сигурна куќа – шелтер за ЛГБТИ луѓе, па менаџерката Елена Петровска ја истакна потребата за вклучување на локалната заедница со финансиска поддршка за обезбедување на одржливост на програмите во Сигурната куќа: „Собраните средства се директна помош во реинтеграцијата, ресоцијализацијата и обезбедувањето поквалитетен индивидуален живот на жртвите на насилство и бездомните лица од ЛГБТИ заедницата во нашата држава.“.

На прославата исто така беа доделени плакети за благодарност на поддржувачите и партнерите во работата на ЛГБТИ Центарот за поддршка.  Откако завршија свеченостите, беше приредена и коктел забава.

годишнина Зоран Заев ЛГБТИ Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.