НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пет причини зошто „Шарената револуција“ мора да остане мирна!

1
By Нова ТВ on April 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Терминот „Шарената револуција“ стана вирален и масовно споделуван, откако доцна во ноќта во вторникот објавив репортажа од протестите за Дојче Веле насловен „Осми ден од „шарената македонска револуција“.

Една од девојките со која разговарав на протестот, која се викаше Марија, ја запрашав за боите кои станаа заштитен знак на протестите односно дали ова се боите на македонската револуција? Таа одговори да, ова се боите на новата македонска шарена револуција. Од Фејсбук и Твитер, во средата хаштагот #ШаренаРеволуција се префрли на улиците на Скопје. Пишувам за ова не само за да се пофалам, иако навистина ми е мило ем драго за овој микроскопски удел во борбата, туку заради пресретнување на пропагандата која веќе шири параноја како странците спремале украински сценарија и обоени револуции во земјава.

Не, инспирацијата за шарената револуција дојде токму од овде, од улиците на Скопје, од нашите храбри граѓанки и граѓани кои решија да го кренат својот глас за правдата, слободата и еднаквоста! Оние сиви, тажни, безнадежни бетонски чудовишта кои го гушеа Скопје, конечно добија некаква смисла, боја, шаренило, нешто кое не обединува сите, нешто што е Македонија – шарена, каква што отсекогаш била.

И таа, барем според она како ја разбираат граѓаните на улиците и социјалните мрежи, не е револуција со насилство, војна, тепање или куршуми, туку е револуција на умот, која на мирен и упорен начин дава надеж и друга визија за „шарена“, а не еднолична и сива Македонија. Затоа, токму поради лагите кои ќе се обидуваат да ги шират и заканите за насилство на протестите кои веќе бесрамно ги праќаат, особено за вечерва (четврток), во продолжение пишувам за најмалку петте причини поради кои „Шарената револуција“ мора да остане мирна!

  1. Македонската шарена револуција е обединувачка, разновидна, шаренолика во секоја смисла. Таа ги обединува сите – десничари и левичари, студенти и пензионери, анархисти и институционалисти, СДСМ-овци и ВМРО-вци, Македонци и Албанци, Хрвати и Срби, Турци и Власи….Таа за прв пат, како никогаш досега ги обединува луѓето заради идеја, заради став, а не заради некакво партиско, етничко или било какво друго обележје. Таа нуди друга визија и друга иднина за Македонија, помудра, прогресивна и поинаква од онаа досега. Овие вредности се неспоиви со насилство. Насилството, заканите и омразата се типични за оние од власта со кои земјата мора да расчисти еднаш засекогаш и треба да одговараат за своите злодела, како што и бараат граѓаните, секој ден во 6!
  2. Можноста за провокации е висока. Инцидентот со провокаторот кој ја удри девојката пред Триумфална порта го докажува тоа. Насилство, хаос, повредени луѓе и инциденти им одговараат само на насилниците кои ги имаат окупирано институциите. Што и да се обидува некој да испровоцира, демонстрантите од движењето „Протестирам“, кои исто како и досега, би требало да одолеат на секакви провокации. На „Протестирам“ ќе најдете среќни дечиња, љубители на велосипеди, пензионери, студенти, нова убава енергија, не и насилници. Заштитен знак на ова целосно неформално движење, освен боите, се и достоинствениот начин на протест и позитивната енергија која води кон промени. Доколку се случи инцидент, тоа единствено би им било добредојдено на политичарите кои сакаат да го искористат во нивните завршни сметки и евентуално пазарање за нивен спас.
  3. Провладината пропаганда максимално ќе искористи било каков инцидент кој би настанал на протестите. Ќе добијат ново „месо“ за трубење на лажната приказна на сите телевизии, радија, портали и весници кои ги поседуваат, дека Заев договорен со странски служби, Америка, ЕУ, НАТО и Џорџ Сорос лично, подготвува украински сценарија за да ја уништат Македонија. Во таков случај би добиле задоволство да успеат да го оцрнат „Протестирам“ и да поентираат во нивното етикета кон демонстрантите како хулигани. Досега ова движење се покажа како мошне вешто во изолирање и игнорирање на оние кои се обидуваат да испровоцираат инциденти со полицијата.
  4. Меѓународната заедница. Добриот глас кој ја бие „Шарената револуција“ во светот, ќе изгуби многу доколку протестите станат насилни. Светските медиуми почнуваат да известуваат со воодушевување за новата колоритна ситуација во Македонија. Ова секако влијае директно на ставовите на политичарите во ЕУ и светот кога се работи за земјава. Или како што поентира колешката Светлана Јовановска во нејзината колумна – има само еден единствен начин на кој граѓаните можат да влијаат на преговорите кои се закажани во Виена. Тој начин е мирен масовен протест. Колку помасовен и помирен, толку повлијателен. И да бидат одложени преговорите, правилото се уште важи.
  5. А на кого и му е гајле на крајот на краиштата што мислат странците. Важно е што ќе направиме ние овде за себе и за земјата во која планираме да живееме. Доколку се случи ВМРО-вци и СДСМ-овци да се степаат, каква иднина ќе има оваа земја во која едвај живеат милион ипол луѓе (стотици илјади си заминаа)? Дали некој сака граѓанска војна во Македонија, за да си ја спаси кожата од правда? А која друга цел би можело да има закажувањето на контра-протест за поддршка на режимот и „прогон на соросоидите“, во исто време со протестите кои се одржуваат секој ден во шест? Секако за ова не може да мислат само одговорните граѓани кои веќе две години самоиницијативно мирно протестираат низ скопските улици на разните антивладини протести. Дали размислуваат за ова оние кои со сила за уши и со сендвичи ги влечкаат на протести? Дали тие решиле да се тепаат со своите сограѓани само затоа што имаат различни ставови? Дали размислиле зошто како последни бранители на режимот останаа осудените измамници со затворски казни кои работат во медиумите и други луѓе со сомнително минато кои прават пропаганда? Искрено верувам дека поголемиот дел од обичните поддржувачи на партиите на власт се веќе свесни колку е саат, што се вели. Титаник тоне, а сега се спасува кој стигне. Со него треба да „потонат“ и одговараат пред законите оние кои ги прегазија, а не обичниот невин народ во нивна одбрана.

И уште 1000 други причини за мир. Дополнете ги вие.

#Шарена револуција протести протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.