Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Акцијата на МВР беше пробиена и затоа остана без посакуван ефект

0
By Нова ТВ on February 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 21, 2020 17:06

„Со издавање на информациите однапред и соопштувањето на министерот Чулев дека станува збор за огромна акција, се информирани и структури кои не треба да бидат информирани дека во тој момент во нашата земја се одвива акцијата“, вели Славјанка Петровска, дополнителна министерка во МВР во гостувањето на „360 степени“. Запрашана дали имало камиони што превезувале банани и во земји од регионот, таа одговори потврдно бидејќи тие, како што рече, биле дел од таа голема и меѓународна координирана акција.

„Бидејќи акцијата е пробиена, не е постигнат посакуваниот ефект како што очекувале италијанските власти“, додава Петровска.

Во село Крушопек, во средата вечерта, при претрес на магазин за овошје беше пронајден еден килограм кокаин со потекло од Колумбија сокриен во кутијата со банани. За веста објавија медиумите, а набрзо потоа на социјалните мрежи се огласи и пратеникот Илија Димовски кој напиша „во три годни власт на СДСМ, не слушнавме дека е запленет ниту еден килограм кокаин. Денес МВР заплени 1,3 тони, најголема количина било кога запленета во Македонија. Слепи ли биле…? Или…?“

Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, истрага за евентуална вмешаност на други физички и правни лица, се резултатите од акција на полицијата во селото Крушопек во скопски Сарај.

Ова денеска на прес-конференција го изнесе техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој не сакаше да каже за колкава количина на дрога станува збор, со оглед на тоа што некои медиуми излегоа со написи дека пратката вкупно содржела 1,3 тони кокаин, нагласувајќи дека во моментот во интерес на истрагата не може да кажува официјално такви податоци, но напомена дека станува збор за „многу, многу голема количина“. Тој истакна дека дрогата по потекло била од Колумбија, а кокаинот е пронајден во магацин за овошје на правното лице „Банекс компани ДООЕЛ“.

„При извршениот детален претрес, во еден од пакетите било пронајдено правоаголно пакување со бела прашкаста материја, кое била залепена со зелена трака“, рече Чулев и додаде дека во операцијата се одземени мобилни телефони, околу 3.000 евра, 700 долари и 188.000 денари, „Ивеко“ товарното возило, заедно со 98 пакети банани, документација, технички уреди“, рече Чулев на прес-конференцијата.

Операцијата, рече Чулев, е меѓународна, но не сакаше да споменува конкретни држави кои се вклучени заради заштита на истрагата.

акција МВР Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.