Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо на европратеници до лидерите на ЕУ: Европа не смее да разочара

0
By Нова ТВ on June 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Група европратеници, кои се воедно и известувачи и претседаели на делегации на земјите од Западен Балкан упатија отворено писмо до шефовите на држави и влади од ЕУ со кое бараат на состанокот на Европскиот совет на 28 и 29 јуни, да донесат „храбра одлука“ за отворање на патот за успешна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Тања Фајон, Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан, Моника Маковеј, Дејвид Мартин, Алојз Петерле, Тонино Пицула, Иво Вајгл, Чарлс Танок, Кристијан Дан Преда и Игор Солтес во писмото посебно го истакнуваат Преспанскиот договор, кој како што велат отвора исклучителна можност за Европа: Да придонесе во спроведувањето на овој договор и да донесе уште една земја од Западен Балкан на патот кон Унијата.

-Потпишан на брегот на Преспанското Езеро пред само неколку дена, договорот меѓу владите на Грција и Поранешната југословенска Република Македонија за решавање на нивните разлики во врска со спорот со името отвора исклучителна можност за Европа: Да придонесе во спроведувањето на овој договор и да донесе уште една земја од Западен Балкан на патот кон Унијата и, со тоа, да го посее семето на мирот и просперитетот за цела Југоисточна Европа.

Овој избор за живот во мир и просперитет, регулиран со владеењето на правото и со ефективни демократски институции, ги обединува граѓаните од сите шест нации во Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Генерација на млади Албанци, Бошњаци и Херцеговци, Косовари, Северни Македонци, Црногорци и Срби израснаа со депресивната перспектива дека билатералните спорови, горчливите сеќавања на војни за кои немаат удел и злонамерно злоупотребени верзии на историјата бесконечно ќе ја дефинираат нивната врска со своите европски соседи и ќе ги спречат нивните нации да ги градат своите општества и демократски институции. Со добра волја, потребната решителност и јасен политички став, овој мрачен изглед наскоро би можел да биде од минато.

Затоа ги повикуваме шефовите на држави и влади на Европската унија да ја сфатат оваа можност што се пружа еднаш во животот. На луѓето од Западен Балкан им е потребен јасен знак дека Унијата ги поддржува нивните напори за изградба на современи држави, со силни и независни институции, одржливи економии и солидарни општества. Неколку регионални и глобални сили имаат политички и финансиски интерес во спречувањето на европските амбиции на сите шест партнери од Западен Балкан. Ова не смее да се случи. Силите на несогласувања не смеат да преовладаат, се вели во писмото.

Тие ги повикуваат европските лидери  да ја покажат својата јасна посветеност на европската перспектива на целиот регион, согласувајќи се на отворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана на претстојниот Европски совет на 28 и 29 јуни, во тековните преговори за пристапување со Црна Гора и Србија да се отворат нови поглавја, да се одобри визна либерализација за Косово, а реформските напори на Босна и Херцеговина да бидат наградени, во зависност од исходот и последиците од изборите на 7 октомври.

-Иднината на Западен Балкан лежи во Европската унија, во владеењето на правото, либералната демократија, социјалната правда и иновативната енергичност на отвореното општество. Темелните и амбициозни преговори на патот кон членството во ЕУ нудат најсилна можна гаранција дека граѓаните од шесте земји во оваа не толку далечна иднина ќе ги уживаат овие бенефиции. Европа не смее да ги разочара, велат европатениците во писмото до лидерите на ЕУ.

 

европратеници ЕУ лидери Западен Балкан Македонија писмот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.