Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плакета за Заев за покренувањето на Отворен Балкан и придонесот во регионалната бизнис интеграција

0
By Соња Крамарска on September 2, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска во Белград, во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, прими признание „Голема плакета“ од Стопанската комора на Северна Македонија за особен придонес во креирањето и продолжувањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан, чија цел е промоција и развој на регионот, преку имплементирање на четирите слободи – слобода за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот.

Плакетата е за личности кои најмногу придонеле за регионалната бизнис интеграција, а Комората ја доделува по повод 100 години од формирањето.

Со оваа награда на Заев му се оддава длабока почит за креирањето на регионалната иницијатива Отворен Балкан.

„Благодарам на Стопанската комора за честа што ни ја укажа на лидерите од овие три земји за иницијативата Отворен Балкан, бидејќи само заедно сплотени регионално, можеме да направиме многу повеќе за економиите на сите земји дел од процесот, да обезбедиме поголема економска соработка, повеќекратно зголемување на размената што ќе придонесе за побрз развој на регионот и благосостојба на граѓаните“, изјави Заев.

Тој порача дека како бизнисмен ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи во рамки на процесот Отворен Балкан бидејќи истите влијаат на развојот на бизнисите , приходите во буџетите на државите и со тоа влијаат на економската перспектива на Западен Балкан. Изрази и надеж дека и останатите земји од овие простори ќе се приклучат кон иницијативата за сите заедно да чекорат на зацртаниот пат кон Европската Унија.

„Зоран Заев во својот мандат како претседател на Владата во периодот од 2017-2021 година, покренувајќи процеси од големо значење за нашата држава совршено добро разбра дека македонската економија без регионална димензија нема шанси за успех. Со тоа ги отвори видиците на нашите компании надвор од границите на државата, а пред се во соседните земји и остави аманет до сите нас, тој пристап да продолжи и понатаму водејќи сметка и за интересите на сопствената држава. Заев продолжува да ја развива и поддржува иницијативата Отворен Балкан, сега од другата страна, од страна на бизнис секторот како двигател на економијата кој води напред, се друго останува на историјата“, беше речено на доделувањето на признанието.

Стопанската комора – „комора на иднината и консултант на компаниите во бизнисот“, одлучи наградата на Заев да му ја додели на овој прв меѓународен саем за вино, храна и туризам, како дел од активностите кои редовно се одвиваат во рамки на Отворен Балкан во насока на подигнување на регионалната соработка и бизнис интеграција, велат од Стопанската комора.

„Досега имало повеќе иницијативи за натамошен развој на овие простори, но сите завршиле неуспешно. Отворен Балкан е концепт кој е поддржан токму од внатре, од политичките лидери на земјите кои се дел од процесот, но уште повеќе од компаниите кои имаат нужна потреба за поблиска соработка, поврзување, заеднички настап на трети пазари, од што целиот регион ќе има корист. Искрените заложби како претседател на Владата во периодот 2017-2021, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, за развивање и креирање на иницијативата за единствен пазар преку создавање економска зона која дополнително ќе ги подобри политичките и економските односи и ќе ги зајакне врските меѓу народите и бизнисите, се препознаени и наградени од Стопанската комора и заслужуваат највисока почит, нагласија од Комората.

Ваква награда во јуни, на самитот на Отворен Балкан во Охрид, им беше доделена и на српскиот претседател Александар Вучиќ, како и на македонскиот и на албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама.

Голема плакета Зоран Заев отворен балкан Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.