Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Планот на Макрон да создаде нова политичка организација е обид да запре проширувањето на ЕУ, велат експерти

0
By НОВА ТВ Terziova on May 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експертите за политика на ЕУ велат дека предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за создавање нова политичка организација чија цел е обединување на земјите кои ги споделуваат вредностите на ЕУ, но не се дел од блокот, е обид да се запре проширувањето на ЕУ.

Тоби Фогел, аналитичар и експерт за ЕУ ​​и Западен Балкан со седиште во Брисел, оценува дека идејата на претседателот Макрон нема да биде поддржана од земјите од блокот. Покрај тоа што го опишува предлогот како нејасен, Фогел вели дека Макрон преку оваа идеја го открива противењето што го има во однос на членството на новите држави во ЕУ.

„Јасно е дека проширувањето на ЕУ не оди никаде, секако не за Западен Балкан, а една од причините за тоа е претседателот  Макрон. Тој беше оној кој го блокираше, на пример, отворањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија“, рече Фогел во интервју за Радио Слободна Европа.

Франција се спротивстави на отворањето на преговорите за Албанија и северна Македонија во 2019 година. Макрон тогаш рече дека овие земји сè уште треба да постигнат напредок. И зборувајќи во Стразбур на 9 мај на Денот на Европа, Макрон, осврнувајќи се на барањето на Украина за брзо членство во ЕУ, рече дека може да бидат потребни децении за да се случи тоа.

Коментарите дојдоа откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека планира да даде мислење за апликацијата за членство на Украина во јуни. Макрон се изјасни против забрзување на постапката за Украина, но и за другите држави, тврдејќи дека треба да се почитуваат стандардите.

вести ЕУ Макрон преговори Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.