Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плевнелиев до Македонците: Подадете си рака, имате уникатна шанса

0
By Нова ТВ on October 11, 2018 СВЕТ
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постојат моменти кога судбината подава рака и таа треба да се прифати. Македонија е исправена точно пред таква ситуација. Таа има уникатна историска шанса, истакна поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, пренесува бугарската агенција „БГНЕС“.

По дискусијата на тема „Бугарската и европската перспектива: Референдумот во Македонија“, во организација на Европскиот совет за надворешна политика (ЕСВП) со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Плевнелиев рече дека и ЕУ и НАТО направиле се, тоа е подадена рака од судбината и нема да има друга шанса во следните 20 години.

„Драги пријатели од Македонија, подадете си рака“, ги повика тој граѓаните и политичаите на Република Македонија.

Според него, пред две децении Македонија била десет години пред Бугарија, но поради низа погрешни политички одлуки, таа во моментов е најмалку десет години по Бугарија.

„Се што е добро и што ` се случи на Бугарија во последниве години е благодарение на нејзиното членство во ЕУ и во НАТО. Од 1999 година наваму само странските инвестиции во земјата изнесуваат над 40 милијарди евра“, истакна Плевнелиев.

Тој смета дека постојат три можни сценарија за развојот на Македонија. Првото, смета тој, е да бидат усвоени уставните промени од македонскиот Парламент и Македонија да има јасна перспектива, а во регионот да има траен мир. Второто сценарио, според него, е реалистично и тоа може да ја исправи земјата пред нови избори кои нема да ја променат ситуацијата во Македонија. Третото сценарио е негативно и Македонија може да западне во тотална изолација, а можна е целосна дестабилизација.

Според шефот на канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Софија, Торстен Гејслер, референдумот спроведен на 30 септември може да се смета како победа за Русија. Гејслер исто така го опиша и несоодветно однесување на ВМРО-ДПМНЕ со политиката на бојкот и екстремистички пројави.

ЕУ Македонија НАТО Перспективи референдум Росен Плевнелиев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.