Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пливање: Анастасија Богдановски и машката штафета со нови рекорди

0
By Нова ТВ on December 10, 2016 СПОРТ
Фото: finawindsor2016.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Анастасија Богдановски и машкиот штафетен тим поставија нови државни рекорди на 13. Светско првенство во кратки базени (25 метри) во Канада. Македонскиот знаменосец на Игрите во Рио де Жанеиро го подобри, досега, најдоброто национално време (26,48 секунди) во трките на 50 метри слободно. Две должини на базенот во Онтарио, Богдановски ги преплива за 26,08 секунди што ѝ донесоа 707 ФИНА поени и 48 место во генералниот пласман во конкуренција на 113 натпреварувачки.

Светскиот рекорд (23,24 секунди) е сопственост на Холанѓанката Раноми Кромовидјојо од СП во Ајндховен во 2013 година.

Македонски рекорд во претпоследниот натпреварувачки ден на 13. СП во пливање во кратки базени собори и машката штафета на 4х50 метри мешано. Марко Блажевски, Љупчо Ангеловски, Горазд Чепишевски и Дамјан Петровски оствари време од 1:42,65 минути што е за нешто повеќе од 11 секунди подобар резултат од оној што е запишан зад АПК „Студент“ (1:53,69 минути). Нивното остварување во севкупниот редослед ги смести на 15 позиција од 17 штафетни состави колку што беа рангирани.

Најдоброто планетарно остварување (1:30,51 минути) во оваа дисциплина е на бразилските пливачи кои го поставија на СП во Доха во 2014 година.

Анастасија Богдановски Канада Машка штафета пливање СП во кратки базени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.