Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пломп: Опозицијата мора да покаже одговорност за СЈО

0
By Нова ТВ on June 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 25, 2019 18:37

Да се најде начин за интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во редовниот судски систем на државата и да се воспостови одговорност за сите минати, сегашни, но и идни случаи каде што има корупција, порача денеска амбасадорот на Холандија Ваутер Пломп.

Тој уште еднаш повтори дека владеењето правото и носењето на законот за СЈО е од суштинска важност за  Македонија да добие датум за почеток на преговори за членство во Европската унија и ги повика сите партии да покажат одговорност .

„СЈО направи добра работа со обвиненијата за висока корупција. Ние мислиме дека е многу важно високата корупција да продолжи да се гони, а тоа се однесува и на оваа во минатото и во сегашноста и во иднина. Затоа е важно да се најде ефикасен начин за СЈО да се инкомпорира во Основното јавно обвинителство (ОЈО), но да задржи дел од независноста. За носењето на овој Закон е потребно двотретинско мнозинство и  затоа ги повикуваме сите политички чинители да  најдат конструктивно решение – сите партии во Владата но и оние кои се надвор од Владата. Мислам дека и опозицијата мора да покаже одговорност за ова прашање“ рече Пломп, кој денеска во паркот во Чаир заедно со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу возеа велосипед за да се промовира толеранцијата и соживотот.

Опозицијата бара истрагите кои СЈО ги отвори по истекот на рокот за обвиненија во јуни 2017 година да бидат запрени. Меѓу овие предмети е и случајот „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ. По барање на СЈО, Судот за овој предмет  го замрзна имотот на партијата.

Во Талир се обвинети поранешниот претседател на партијата Никола Груевски, поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски.

Министерката за правда Рената Дескоска неколкупати повтори дека ваквото барање на ВМРО ДПМНЕ не може да се прифати затоа што тоа значи амнестија на криминалот.

опозиција СЈО Талир Холандски амбасадор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.