Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 8 години, Грција излезе од должничката криза -можна реконструкција

0
By Нова ТВ on August 20, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По три програми за помош и осум години тешки економски реформи под надзор на меѓународните организации, Грција денеска се враќа самостојно на пазарите, но и претстои уште многу работа.

Во изминатите осум години економска криза на Грција и се позајмени 289 милијарди евра од ЕУ, Европската Централна Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд, кои ќе ги враќа во следните неколку декади.

-За првпат од почетокот на 2010, Грција стои на свои нозе. Ова беше возможно благодарение на извонредниот напор на грчкиот народ, добрата соработа со сегашната грчка влада и поддршката на европските партнери преку заеми и намалување на долговите, изјави Марио Челентано, претседавач на Европскиот механизам за стабилност.

Иако состојбата е подобрена во Грција, преку враќање на економскиот раст и пад на невработеноста, земјата ќе остане под надзор од европските партнери за своите реформи во наредните две години.

Ова е најголемата финансиска помош во глобалната финансиска историја.

Како услов за заемите, Владата во Атина беше принудена да воведе исклучително непопуларни мерки на штедење.

За утре е најавено обраќање до јавноста на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Излезот на Грција од меморандумите кои освен финансиска помош донесоа и низа антикризни мерки, првично беше планиран да се одбележи со свеченост, но поради катастрофалните пожари во кои животот го загубија над 95 лица, Алексис Ципрас веројатно ќе одржи само обраќање до јавноста. Останува енигма дали обраќањето ќе биде од премиерската палата или од некоја друга локација.

Грчкиот остров Кастелоризо од каде што Јоргос Папандреу во април 2010 како премиер во обраќање до Грците соопшти дека земјата и официјално бара помош од ЕУ со што и започна меморандумската политика и брдото Пникас во близина на Акропол, се споменуваа како можни локации од кои Ципрас би и се обратил на јавноста, но по пожарите, веројатно е дека грчката влада ќе одбере друга опција.

Според грчките медиуми, не е исклучена можноста по излезот од меморандумската политика, Алексис Ципрас, во следните денови да направи реконструкција на владата.

Грција криза реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.