Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

По два и пол месеца: Се отвораат кафулињата и рестораните, до четири лица на маса

0
By Нова ТВ on May 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2020 09:29

Кафулињата и рестораните, по два и пол месеца пауза, од денеска повторно се отвораат за гости. Ќе работат само оние локали што располагаат со тераси, а на секоја маса ќе може да седат по максимум четири лица.

Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана предвидува дека работното време е ограничено од 8 часот до 22 часот. Поконкретно, ќе работат само отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување кои од три страни отворени со кровна конструкција. Сите вработени кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и зачестено да одржуваат хигиена на раце.

Се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси. Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси треба да се обезбеди растојание од столче до столче од еден и пол до два метра со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица или максимум четири лица ако се семејство.

Според протоколот, дозволено е максимум 12 лица на споени маси заедно, со задолжително растојание помеѓу секој гостин од еден и пол метар.

На секоја маса треба да има дезинфекциско средство за раце, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена – често миење раце при прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.

Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 отсто натриум хипохлорит (5 отсто белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70 отсто алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовното одржување на тоалетите е исто така задолжително, со водење евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства. Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Организирање на прослави, свадби, родендени, крштевки, во оваа фаза на протоколот, е забрането. Работата во затворените објекти и тие што немаат тераси, пак, ќе се регулира во наредната фаза.

Угостителите кои денеска треба да ги отворат терасите велат дека мерките доследно ќе ги почитуваат, но, сепак, се надеваат на одредени измени.

Како што истакна вчера Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори, потребно е да се направи подобра позиција за да имаат помали загуби.

„Извесно е дека нема да заработуваме, но можеме да направиме подобра позиција за да имаме помали загуби ако има поразумни мерки“, вели Ангеловски.

Според Стопанската комора на Македонија, времето ќе покаже дали протоколите ќе се одразат врз работата на угостителите. Комората појаснува дека самото отворање на угостителските објекти е специфично од аспект на групирање на луѓето, што е една од главните препораки која не треба да се прави.

„Ситуацијата не е сменета од минатата недела кога ја предочивме состојбата. Ќе видиме кој се ќе отвори. Едно е најава, друго е на терен. Во секој случај, времето ќе покаже дали протоколите ќе се одразат врз работата на угостителите. Свесни сме дека во сите земји во регионот и пошироко угостителството и туризмот беа најпогодени. Од друга страна, отворањето на угостителските објекти е специфично од аспект на групирање на луѓето што е една од главните препораки која не треба да се прави“, нагласуваат од Стопанската комора.

Поради коронавирусот, сите угостителски објекти во државата престанаа да работат на 13 март. Загубите, според проценките на секторот, се и ќе бидат огромни, а потребен ќе биде и подолг период за нивно целосно закрепнување.

кафулиња Коронавирус Македонија Протокол работа ресторани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.