Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По невремето во Грција: Туристи од Македонија досега не побарале помош

1
By Нова ТВ on June 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонски граѓани кои летуваат во Грција досега не побарале помош и не пријавиле штети по вчерашното невреме што го зафати полусотровот Халкидики.

Нема јавувања ниту за поплавени објекти во кои се сместени туристите.

Од македонското Министерство за надворешни работи засега немаат информации за евакуирани туристи и пријавени материјални штети на возилата.

Од туристичките агенции кои ги контактираше МИА информираат дека не се откажуваат аранжманите и оти немаат јавувања за поголеми поплавувања на вилите и апартманите во кои се сместени туристите освен дека во некои делови на вториот крак немало струја.

Нема пријави ниту за оштетени возила. Од осигурителните компании велат дека се уште е рано за такво нешто бидејќи пријавата се прави со полициски записник од самото место.

На социјалните мрежи туристи кои во моментот се наоѓаат на летување во Грција секојдневно објавуваат снимки со поплавени улици и возила. Најпогодени од вчерашното невреме се Никити и Метаморфози на вториот крак.

Како што јави МИА, најмногу проблеми има на Ситонија каде се поплавени куќи и други објекти. Во Никити  поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот. Реката Агиос Николаос е излеана од своето корито. Евакуирани се гости од неколку хотели, а десетина автомобили се оштетени.

Фото: nikana.gr

Видео: kathimerini.gr

Грција Македонија невреме туристи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.