Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По пауза од 20 години: Талибанците повторно на власт во Авганистан

0
By Sashko on August 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централната Влада во Кабул вчера мирно ја предаде власта на претставници на талибанците кои влегоа во претседателската палата во Кабул со што заврши дведецениското владеење на националната влада со поддршка на САД. Една група од нив објави фотографии на социјалните мрежи од внатрешноста на објектот и наведе дека тие имаат контрола врз 11 од 15 реони во градот.

Големата офанзива врз Кабул започна во петокот кога талибанските сили беа на само 40 километри од предградијата на главниот град на Авганистан. Во текот на ноќта од сабота, 14 август до недела, 15 август, талибанците влегоа во предградија на Кабул и ги блокираа сите излези од градот.

По повеќечасовни разговори меѓу претставници на талибанците и претседателот Ашраф Гани во претседателската палата во Авганистан, талибанците објавија дека ја преземаат власта и дека негов наследник на функцијата ќе биде водачот на талибанската организација Мула Абдул Гани Барадар. Гани го напушти Авганистан и се упати во Таџикистан, но според британски медиуми се очекува денеска да потпише предавање на власта.

Висок претставник на авганистанското Министерство за внатрешни работи изјави дека талибанците пристигнуваат во главниот град „од сите страни“. Аеродромот во Кабул е нападнат и се слушаа истрели. Амбасадата на САД издаде предупредување до своите граѓани „да најдат засолниште и да чекаат“.

Ситуацијата во Кабул брзо се менува, како и ситуацијата на аеродромот, објавија тие.

Болницата во Кабул соопшти дека најмалку 40 лица се повредени во борбите во предградија на Кабул.

Претставник на талибанците нагласи дека ќе објават создавање на Исламски Емират на Авганистан, јавија американски медиуми. Тоа беше името на државата под талибанска власт од 1996 до 2001 година

Поранешниот авганистански министер за внатрешни работи, Али Ахмад Џалали ја презеде функцијата премиер на преодната влада во државата, јави ТВ „Ал Арабија“.

Според дипломатски извори, поранешниот министер за внатрешни работи е „избран за премиер на преодната влада“ и презел функција на шеф на преоданата админстрација.

УНХЦР на 14 август објави дека жените сочинуваат околу 80 отсто од вкупниот број на авганистански бегалци. Меѓу мај и јули се регистрирани речиси 250.000 бегалци.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Вашингтон инвестирал милијарди долари во авганистанските владини сили за време на четири американски администрации, давајќи им предност пред талибанците, но тие не успеаја да го спречат нивниот воен напредок.

Факт е дека сме сведоци оти авганистанските сили не беа во можност да ја бранат земјата. И тоа се случи побрзо отколку што очекувавме, рече Блинкен.

Блинкен отфрли каква било споредба меѓу моменталната ситуација во Кабул и падот на Сајгон во Виетнам во 1975 година, истакнувајќи дека САД „ги постигнаа воените цели“ во Авганистан.

Британскиот премиер Борис Џoнсон изјави дека негов „приоритет“ е евакуацијата на британските граѓани од Авганистан и ги повика западните земји да усвојат унифициран пристап пред каква било акција.

Џонсон вчера одржа состанок на таканаречениот министерски тим Кобра, втор за три дена на тема Авганистан. Тој рече дека приоритет на Велика Британија е да ги исполни своите обврски кон британските граѓани и оние кои придонесоа за британските напори во Авганистан во текот на изминатите 20 години, но нагласи оти владата има средства за евакуација на своите граѓани во следните неколку дена.

Амбасадорот беше таму на аеродромот за да ги обработи апликациите. Ситуацијата останува многу тешка и јасно е дека ќе има нова влада во Кабул, рече Џонсон.

Тој додаде дека Велика Британија ќе работи со своите партнери во Советот за безбедност на ОН и рече дека не сака некој еднострано да ги признае талибанците.

Сакаме заедничка позиција да направиме сè што е во наша моќ за да избегнеме повторно да го направиме Авганистан плодна почва за тероризам,

Американската разузнавачка проценка од претходнaта седмица беше дека Кабул може да биде заземен за 30 дена и може да падне во рацете на талибанците во рок од 90 денови.

Авганистан власт САД Свет Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.