Претседателот на САД Доналд Трамп ја повика ЕУ да воведе санкции за „репресивниот социјалистички режим“ на Венецуела.

-Се надеваме дека нашите пријатели од ЕУ набрзо ќе ги следат САД, Канада и повеќето јужноамерикански земји и ќе воведат санкции за режимот на Мадуро. Граѓаните на Венецуела трпат глад и политички неволји, изјави Трамп на прес конферецијата со шпанскиот премиер Маријано Рахој во Белата куќа.

Рахој потврди дека неговата земји  поддржува санкии кон Каракас.

-Во моментов сме во постапка во ЕУ на предлагање на санкции за Венецуела, бидејќи таа не е демократска држава, изјави шпанскиот премиер.

Тој рече дека со Трамп сметаат дека венецуела се движи кон тоталитаризам и осиромашување.

До сега само САД и Канада воведоа санкции спрема Каракас и венецуелски функцонери.