Судењето против Мариглен Демири од Левица поради неговото учество во минатогодишните протести по аболицијата што ја прогласи претседателот Ѓорге Иванов денеска повторно е одложено.

-Судењето е одложено по третпат поради тоа што обвинителството не може да стигне до оригиналните документи за видео-надзорот. Толку функционира државата. Сè уште не се испрашани сведоците, а ниту јас, изјави Демири по излегувањето од судницата.

Тој е обвинет за учество во минатогодишните протести на 13 април против одлуката на претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов за аболиција на обвинети во случаите на СЈО.

Демири е обвинет дека учествувал во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот. Државата од него бара отштета од 8.500 евра.

Демири се изјасни дека не се чувствува виновен.