Словачка е втората земја-членка на Европската унија што ја одобри вакцината „Спутник В“ од руско производство, која се уште не е одобрена од регулаторот за лекови во Унијата – ЕМА.

Словачката Влада побара од министерот за здравство, Владимир Ленгварски, до 7 јуни да ја направи вакцината достапна до граѓаните, пренесе Фена.

Словачка има на располагање 200.000 дози од вакцината „Спутник В“, но досега не дозволи нивна употреба.

Унгарија досега беше единствената членка на ЕУ што ја користи вакцината „Спутник В“.

Американските меидуми потсетуваат дека словачкиот таен договор за набавка на два милиона вакцини „Спутник В“, организиран од тогашниот премиер Игор Матович, предизвика сериозна политичка криза во земјата, што резултираше со пад и потоа реконструкција на словачката Влада.