Фудбалската репрезентација на Бразил на моќен начин го почна настапот на 46. издание на „Копа Америка“. Жртва на „кариоките“ во премиерата на турнирот чии домаќини се беше селекцијата на Боливија над која славеа со 3:0 за 100 победа на континенталните шампионати на Јужна Америка.

Двоен стрелец за тимот на Тите беше Кутињо од пенал во 50. минута и во 53. минута по асистенција на Фирмињо, третиот погодок беше дело на резервистот Евертон Соареш во 85. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=M9zyu5uenqA

Првото коло во групата А ќе биде комплетирано вечерва (21 ч.) со дуелот меѓу Венецуела и Перу. На полноќ, пак, ќе играат Аргентина – Колумбија.