И вечерва точно во 18 часот, приврзаниците на „Шарената револуција“, се собраа пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. Наоружани со свирчиња, транспаренти и шарени знамиња демонстрантите тргнаа кон Парламентот, каде во моментов во тек е седница на која се расправа за измени во Изборниот законик. Главен транспарент на вечерашниот протест е „Нема да ви помине“, упатен кон пратениците од власта.