Поголема група демонстранти на различна возраст, во моментов се пред објектот на Специјалното јавно обвинителство, каде четврти ден по ред даваат поддршка за работата на обвинителите. Протестот е предвидено да продолжи кон Собранието кое е под силно полициско обезбедување, а граѓаните бараат оставка од претседателот Ѓорѓе Иванов, по неговата одлука за колективна аболиција на 56 лица.
„Нема правда нема мир“, е пораката која се порачува и денеска. На протестот се приклучија и студентите од повеќе студентски организации а по дрвјата по улиците се лепат плакати со порака „Не го насочувајте гневот кон полицијата“, јавува репортерката на НОВА од терен, Славица Филиповска.
Протестот на кој освен оставка од Иванов, се бара и укинување на распишувањето на изборите закажани за 5.јуни, бидејќи демонстрантите сметаат дека се оди на самоволие и нема услови за одржување фер и демократски избори.