Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна судењето за Шамарите во Центар,Груевски ги кажа личните податоци

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинетиот експремиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во судницата во Основниот суд Скопје 1 ги кажа личните податоци, со што по многу одложувања почна судењето за насилствата во општина Центар и за шамарите што ги нарачувал за тогашниот градоначалник Андреј Жерновски.

По него зборуваше и екс министерот за транспорт Миле Јанакиески, кој рече дека нема лична карта, ниту пасош, бидејќи како што рече му се задржани во судот.

Судијката Татјана Михајлова од Основниот суд Скопје не го одложи денешното рочиште, како што бараше одбраната и го прифати барањето на обвинителката Фатиме Фетаи, која предупреди дека никогаш нема да се соберат сите обвинети и судењето да почне и донесе решение да го издвои Димче Крстев кој утрово беше стражарно приведен по наредба на Михајловска.

Оваа постапка на Михајлова предизвика изненадување и вознемиреност кај првообвинетиот Никола Груевски и кај сите останати 13 обвинети и адвокатите кои денеска дојдоа комплет.

Михајлова му рече на Крстев: „Одете си дома Димче ако не ви е добро. Слободен сте. Ќе бидете повикан во друга постапка против вас, за истото обвинение”.

Михајлова рече дека против нејзината одлука Крстев да се издвои од оваа постапка и судењето за насилствата и нарачаните шамари за Жерновски, нема право на жалба.

Во судот освен Груевски и Јанакиески, присутни се и пратеничката Даниела Рангелова и останатите обвинети во овој случај. Присутни се и Андреј Жерновски и Саша Богдановиќ како оштетени лица во овој случај

Претходното рочиште беше одложено поради тоа што Димче Крстев и Милан Андоновски не беа присутни на судењето.

Овој случај  се однесува на протестите во оваа општина против, како што велеа тогаш демонстрантите, рушење на црквата Свети Константин и Елена. Протестите резултираа со демолирање на општинската барака, упад на демонстранти во седница на советот и упатување закани кон советниците.

Според објавената прислушуван разговор што го објави Зоран Заев, протестите биле во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а Груевски побарал еден од демонстрантите да му удри шамар на градоначалникот, Андреј Жерновски.

Богдановиќ. Фетаи Груевски Жерновски Јанакиески Насилствата за Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.