Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува кампањата за референдумот

1
By Нова ТВ on September 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 10, 2018 08:32

Од денеска официјално почнува кампањата за претстојниот референдум на кој граѓаните на 30 септември треба да се изјаснат дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција.

Носител на кампањата е Собранието на Република Македонија, а претседателот на Парламентот Талат Џафери во петокот најави дека ќе ја водат кампањата транспарентно, непосредно и директно, без дискриминација, предрасуди и со почитување на волјата на секој граѓанин.

– Наша цел е детално да ги информираме граѓаните за големата слика, за придобивките од нашето членство во НАТО и ЕУ, кое не подразбира само заштитени граници, заедничка надворешна политика и отворени патишта за нашите граѓани, туку членството подразбира повеќе странски инвестиции, работни места, поголем пазар за пласирање на производи, повеќе можности за образование и напредок на младите генерации, а истовремено и целосно владеење на правото, правната држава, како и реформи во судството и во сите сфери на социјалниот живот, рече Џафери на прес-конференцијата во петокот.

Ги повика сите учесници во кампањата да се однесуваат соодветно, коректно и достојно со цел граѓаните на 30 септември да ја донесат вистинската одлука.

Во кампањата на Собранието ќе се вклучат 71 пратеник од сите пратенички групи, со исклучок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која го известила Џафери дека нема да учествува во кампањата и дека бара средствата да бидат потрошени за други цели.

Пратениците по личен избор ќе можат своите референдумски ставови да ги претставуваат и во своите изборни единици, а нема пречка во таа кампања да се вклучат и други претставници на Владата и политичките партии, но тоа мора да го направат со сопствени средства.

Собранието ќе откупи простор во некои од 65–те медиуми кои до 10 август доставиле ценовник до Државната изборна комисија за референдумот. Медиумскиот план ќе биде објавен на веб-страната  на Собранието и пратениците ќе ја реализираат кампањата на телевизиите и радијата и за претставување на своите ставови ќе имаат девет минути во еден час.

Кампања само на ТВ и радија, весниците и порталите исклучени

Собранието одлучи парите што ги доби од Буџетот за кампања за референдумот да ги додели само на телевизии и на радио станици.

Се работи за повеќе од 700 000 евра, колку што останаа на посебната собраниска сметка. Од Владата беа префрлени вкупно 80 милиони денари односно повеќе од 1,3 милион евра. Од овие пари, повеќе од 500 000 евра беа предвидени за кампања против Договорот со Грција, но беа вратени на Буџетот, откако ВМРО ДПМНЕ побара парите да се пренаменат за други цели.

Џафери потврди дека Координативното тело на Собранието за водење на референдумската кампања донело одлука парите да се поделат само на телевизиите и на радио станиците.

На прашањето, зошто се исклучени интернет порталите и весниците, собраниски извори велат дека ,,Координативното тело одлучило дека не може да ги подели парите на сите медиуми кои се пријавиле до ДИК во законскиот рок и затоа одлучило парите да се поделат само по телевизии и радио станици“.

Пратеници од Координативното тело исто така, додаваат дека одлуката била донесена во согласност со упатствата на ДИК.

Од Државната изборна комисија упатуваат на Правилникот објавен на нивната интернет страна во кој се регулира и јавната пропаганда, каде што на ниту еден начин не се исклучени електронските медиуми и весниците.

За време на кампањата не се очекува да се одржат пленарни седници во Собранието, но претседателот на Парламентот не ја исклучува можноста да има итна седница доколку за тоа има потреба.

кампања референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.