Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува судењето на обвинетите за обидот за убиство на Села

1
By Нова ТВ on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 26, 2018 08:34

Денеска во Основниот суд Скопје, на обвинителна клупа ќе седнат 10 лица осомничени за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, на 27 април минатата година во Собранието.

Покрај Кире и Цане Ѓорѓиевски, осомничени за обид за убиство се Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села нема да присуствува на првото рочиште, но како оштетена страна ќе биде претставен од страна на неговиот адвокат Абедин Абдули.

Судењето ќе го води судијата Славица Андреевска.

Во мај минатата година за нападот на Села први беа уапсени Кире Ѓоргиевски и татко му за кои Обвинителството тврди дека во салата 3, каде што се одржувала прес-конференција, двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот Зијадин Села.

Пратеникот беше тешко повреден и заврши во болница во критична состојба. Некои од тогашните осомничени МВР ги бараше преку јавно објавени фотографии. Судот третпат им го продолжи притворот.

Обидот за атентат врз Села е третиот случај во судските постапки за настаните на 27 април.

Првиот беше случајот на деветте осомничени за учество во насилство кои добија условни казни. Вториот случај е казната на Панче Ангелов кој беше осуден на четири години затвор за насилство врз пратеничката Радмила Шеќеринска.

Во Обвинителството за организиран криминал и корупција во тек е истражна постапка за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ во врска со крвавите случувања во Собранието. За ова дело во моментов се осомничени 36 лица.

Меѓу нив се и поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, шест пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, организаторите на протестите од За заедничка Македонија и други осомничени. Обвинителството не ја исклучува можноста за проширување на истрагата.

Зијадин Села обвинети обид за убиство судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.