Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поделби во ЕУ заради политизацијата на руската вакцина Спутник V

0
By НОВА ТВ on April 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 16, 2021 17:16

Освен дискусии околу безбедноста и достапноста на различните вакцини против Ковид-19, во оваа дебата сега влегува и стратешката гео-политика. Оваа недела изгледа дека руската вакцината Спутник V создава различни поделби во Европската Унија со тоа што некои држави сакаат да ја користат вакцината, а некои се противат. Европската Агенција за Лекови (ЕМА) сѐ уште ја нема одобрено руската вакцина, но моментално детално ја разгледува вакцината пред да ја одобри за користење во ЕУ.

Некои сметаат дека поради долгиот процес за одобрување на одредена вакцина, може дози од Спутник V да стигнат дури кога повеќето европејци се веќе вакцинирани. На пример, комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, изјави дека ЕУ блокот „нема апсолутно никаква потреба“ од Спутник. Од друга страна пак, процесот за вакцинација се одвива многу поспоро отколку што беше очекувано: ЕУ веќе ги пропушти некои од првите клучни вакцинациски цели за 2021.

Заради овие задоцнувања и заради општото јавно здравје, некои политичари сметаат дека треба да се искористи вакцината Спутник V. Оваа политичка тензија беше особено изразена во Словачка (членка на ЕУ) минатиот месец кога словачката влада пропадна поради одлуката на тогашниот премиер Игор Матовиќ еднострано да купи 2 милиони дози на Спутник V. Матовиќ сега е на позицијата на министер за надворешни работи и по сѐ изгледа дека политичката криза околу Спутник V продолжува: кога словачкиот национален регулатор на лекови одби да ги одобри дозите на руската вакцина испратена во Словачка со образложение дека дозите се различни од вакцината потврдена во студијата во Фаза 3 објавена во медицинското списание „Лансет“, Матовиќ направи драматичен потег. Минатиот четврток Матовиќ леташе до Моска и потоа изјави дека наместо да го слуша сопствениот национален регулатор на лекови, Словачка ќе се потпре на унгарска лабораторија за да ги изврши потребните проверки на вакцината.

Овие политички притисоци исто така постојат и надвор од Централна и Источна Европа со тоа што дебатата околу користењето на Спутник стигна и до Германија. Во 2021 веќе се одржуваат локални избори, а во септември ќе има и избори на федерално ниво – нешто што дополнително го зголемува притисокот за да справување со Ковид кризата. За сега во Германија не е донесена дефинитивна одлука околу Спутник, но поради долги месеци со строги рестриктивни локдаун мерки низ цела Германија и ниската стапка на вакцинација, некои експерти сметаат дека Германија треба сериозно да ја разгледа опцијата за користење на Спутник.

„Факт е дека во моментов јавноста е многу критична во врска со ниското ниво на вакцинации што се случија во Германија до сега“, изјави Катрин Боетгер од берлинскиот think tank „Institute for European Politics“. Таа исто така укажа на практична причина за обидот да се обезбедат вакцинации со Спутник: Повеќе од еден производител на вакцини мораше да ги ревидира испораките откако ЕУ ја започна својата кампања за вакцинација – еден од овие производители е Џонсон&Џонсон кој дури во понеделник би требало да ја направи првата испорачка на вакцини до ЕУ. И покрај најдобрите уверувања на Европската комисија, сосема е можно многу земји може да ја промашат целта за покривање на крајот на летото, коментираше Боетгер. Во план е Германија да влезе во фаза на преговори околу Спутник вакцината.

Сепак некои сметаат дека земјите кои произведуваат вакцини – САД, Русија, Кина инт. — ја користат вакцинацијата како еден вид димпломатско оружје.

„Навистина е вознемирувачко што германските политичари се очигледно доволно наивни за да не разберат што се случува“, изјави германската пратеничка од Зелената Партија Виола вон Крамон-Таубадел, која е дел од комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, околу Спутник. Вон Крамон-Таубадел смета дека Спутник прави сериозна штета по прашањето на ЕУ единство.

Русија, пак, смета дека овие обвинувања не држат вода и дека не треба да се политицисира оваа вакцина бидејќи тоа може да кошта човечки животи. Кирил Дмтриев, директорот на Рускиот Инвестициски Фонд, изјавил во интервју со Politico дека: „Русите создадоа добра вакцина и тие сакаат да го заштитат сопствениот народ и да играат некаква улога во [вакцинацијата] на остатокот на светот. Фактот што Спутник создава толку многу политички метеж, покажува колку е тажна состојбата на [светската] политика.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.