Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поделени реакции во светот за самитот Трамп-Путин

0
By Zoran Ivanov on August 16, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светските лидери реагираа на самитот меѓу американскиот претседателот, Доналд Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин, а како што објавија медиумите, реакциите се поделени – некои го критикуваат недостигот на конкретни резултати, додека други ја нагласија важноста на самиот дијалог.

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, го пофали одржувањето на самитот и ја нагласи важноста на дијалогот.

Светот е побезбедно место сè додека САД и Русија разговараат. Војната во Украина нема да се реши на фронтот, туку на преговарачката маса, рече Сијарто, додавајќи дека Унгарија со години повикува на преговори, за разлика од, како што рече, „провоените политичари од Брисел“.

Шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Ајде, пак, рече дека Путин на самитот „ги повторил неговите добро познати пропагандни наративи“ и оцени дека е потребно да се зголеми притисокот врз Москва.

Мораме јасно да ѝ ставиме до знаење на Русија дека ќе ги сносат последиците. Путин се обидува да ги подели Европа и САД и ние мора да го спречиме тоа, рече Ејде, додавајќи дека не очекува веднаш промени на фронтот во Украина.

Чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова, оцени дека состанокот „не донел никаков суштински напредок“, туку ги откри, како што изјави, „вистинските мотиви и пропагандните цели на рускиот лидер“.

Путин не бара мир

Самитот во Алјаска траеше речиси три часа, но не доведе до мировен договор или прекин на огнот.

Украинската страна не беше вклучена во разговорите, а меѓународните набљудувачи истакнуваат дека останува неизвесно дали состанокот ќе иницира конкретни мировни иницијативи, јавија британските медиуми.

 

аљаска Путин реакции средба Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.