Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подемот кон тронот на принцот Салман ја „тресе“ Саудиска Арабија

0
By Нова ТВ on November 7, 2017 СВЕТ
Мухамед бин Салман
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 7, 2017 00:50

Ненадејните смени и апсења на десетина министри, членови на кралското семејство, функционери и високи офицери во Саудиска Арабија немаат преседан во историјата во изминатите 85 години старото кралство. Без преседан засега е и незапирливиот подем кон власта на 32 годишниот принц Мухамед бин Салман кој пред само три години беше малку забележлив меѓу старите и искусни принцови.

Саудсика АРабија која во 1932 година ја основаше кралот Абдулазис ибн Сауд до сега имаше пшестѕ кралеви – и сите беа синови на основачот на државата, кој почина во 1953 година.

Ниту еден од нив не ја презеде власта во со нафта богатото кралство пред да наполни 50 години.

Сегашниот монарх, кралот Салман имаше 79 години кога пред речиси три години стапи на тронот.

Крунисаниот принц Мухамед бин Салман (32), чии шокантни потези во саботата навечер покажаа дрзок обид својата моќ да ја консолидира преку мерки за наводна корупција, беше првиот од својата генерација кој стана крал, со што власта се префрли од синовите на основачот на државата Абдулазиз на неговите внуци.

Со децении моќта во Саудиска Арабија преминуваше од брат на брат, но принцот Мухамед бин Салман би требало престолот да го наследи од својот татко.

Тој веќе има функција министер за одбрана и ги контролира сите аспекти на стопанството, планирањето, реформите и безбедноста во земјата.

Пред само неколку месеци, неговите перспективи за доаѓање на престолот беа малку извесни. Од април 2015 година именуван е за заменик крунисан принц, односно втор по редот во линијата на наследување, што изненади многу од постарите и поискусни членови на владејачкото семејство.

Први во низата на наследници на престолот беше принцот Мухамед бин Најеф, искусен член на кралското семејство.

Но, него бин Салман го избриша од линијата за наследување и му ја одзеде функцијата шеф на советот за борба против тероризмот и министер за внатрешни работи.

Со тоа, кралскиот син, принцот бин Салман остана со малку ривали на патот до тронот. Тој во јуни годинава и официјално стана крунисан принц, односно престолонаследник.

Асошиетед Прес во анализата потсетува дека бин Салман на почетокот на владеењето го тргна и својот полубрат принцот Мукрин од редот за наследство.

Теоретски, за избор на крунисаниот принц беше задолжен тнр. Совет за верност, тело кое во 2007 година го формираше тогашниот крал Абдулах, составен од синови и истакнати внуци на основачот на земјата.

Но со промените од 2015 година, улогата на ова тело и неговото значење се ограничени.

И покрај некои напори да се одлучува со консензус, Саудиска Арабија останува апсолутистичка монархија, каде сите крупни одлуки ги носи кралот.

Но дури и ако имало несогласувања, кралското семејство долго ја следеше традицијата да зборува во „еден глас“, посебно кога се работи за прашања на наследувањето, за да можат да настап единствено пред моќните саудиски племиња и свештенството.

Апсењето на истакнатите принцови се чини дека прави пресврт на начинот на кој кралското семејство им пристапува на внатрешните спорови, но исто така, го свтува вниманието кон крунисаниот принц како на реформатор кој е решен да го модернизира конзервативното кралство, на чие тло се наоѓаат најсветите исламски места.

апсења Мухамед бин Салман Саудиска Арабија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.