Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесен предлогот за реконструкција на Влада; четворица нови министри и петмина заменици министри

0
By Gabi Tocko on February 11, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски достави до Собранието предлог за реконструкција на Владата, за четворица министри и пет заменици министри, откако вчера ги заокружи преговорите за влез во владиното мнозинство на Алијансата за Албанците, соопшти владината прес-служба.

Нови кадровски решенија има за министерствата за правда, за здравство, за информатичко општество и администрација, каде доаѓаат кадри од АА, и за животна средина и просторно планирање, каде наместо ДУИ ќе раководи СДСМ.

За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога. За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити. За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е Азир Алиу. За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е Каја Шукова.

Со реконструкцијата се опфатени и заменици министри во пет министерства, за одбрана, за правда, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование и наука и за здравство.

За заменик министер во Министерството за одбрана предложен е Тирон Јајага од Алијанса за Албанците. За заменичка министерка во Министерството за правда предложена е Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ. За заменичка министерка во Министерството за здравство, предложена е Маја Манолева. За заменичка министерка во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство предложена е Вјолца Бериша од Алијанса за Албанците. За заменик министер во Министерството за образование и наука, предложен е Агим Нихиу од ДУИ.

Коалицискиот партнер Алтернатива, кој раководеше со министерствата за здравство и за информатичко општество и администрација, за утре најави седница на Претседателството на која ќе одлучува за натамошното делување.

Влада заменици-министри Ковачевски министри предлог реконструкција Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.