Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесено обвинение против три лица за дивите депонии во Вардариште

0
By Marija Todorovska on September 11, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 11, 2025 13:55

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад. Согласно обезбедените докази, тие од 2020 година вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без да регистрираат правно лице и без дозвола за управување со отпад, со што создале диви депонии на дел од локацијата во Вардариште каде на 9 јули годинава настана неконтролиран пожар.

Во врска со причините за настанување на пожарот на Вардариште, од ОЈО Скопје информираат дека се издадени повеќе наредби со цел откривање и на други сторители на кривични дела.

Тројцата обвинети, како што информиаат од Обвинителството, на улица „Зендел Џемаил“ во Скопје, од 2020 година до 02.09.2025 година вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност за управување со отпад.

Согласно обезбедените докази, тие вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпадот, со што создале диви депонии, кои биле констатирани при настанат пожар на дел од локацијата. Со ваквите незаконити дејствија обвинетите влијаеле врз квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Против тројцата е поднесен Обвинителен акт за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик, а Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за тројцата обвинети.

По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје во финална фаза се и вештачењата во однос на сомненијата за загрозување на животната средина со отпадни материи во постапката која се води против сопственичката и неформалниот сопственик на правно лице од Шуто Оризари. Тие подолг временски период, спротивно на законските одредби од Законот за управување со отпад и спротивно на прописите за заштита на животната средина, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друго на локација за која немале соодветна дозвола за управување со отпад.

На 9 јули, на таа локација беше предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал, а поради обемот и опасноста пожарот не можеше веднаш да биде ставен под контрола. При согорувањето на отпадниот материјал беа испуштени чад, пепел и штетни гасови во амбиенталниот воздух и беше предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето од поголеми размери. По анализа на вештачењата во корелација со сите други прибрани докази, јавниот обвинител ќе донесе одлука и во однос на овој предмет, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

За настанатиот пожар на депонијата „Дрисла“ до овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е поднесено известување или кривична пријава од надлежните органи. Сепак, од Обвинителство посочуваат дека ја следат состојбата и доколку обвинителството утврди дека со кривично-правни дејствија била загрозена животната средина, ОЈО Скопје веднаш ќе постапи. 

Вардариште Дива депонија обвинение Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.