Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Погрешно знаме на прославата во Охрид по повод независноста — наместо осум, имаше 12 краци

0
By Zoran Ivanov on August 10, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 10, 2026 10:20

Знаме со 12, наместо со осум краци, синоќа беше прикажано на големата прослава во Охрид како дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ беше одржан на стадионот „Билјанини извори“. Охрид беше првата станица од најавената турнеја, која треба да опфати 11 македонски градови. Завршниот настан е најавен за 4 септември во Скопје.

Прикажувањето на знамето предизвика реакции од опозицијата.

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме, изјавија од СДСМ.

Оттаму побараа Владата да објави која компанија била ангажирана за организацијата на настанот и да се соопшти колку средства биле потрошени за прославата, како и кој ќе понесе одговорност за пропустот.

Согласно член 4 од Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија, државното знаме треба да се прикажува исклучиво во формата и со содржината утврдени со закон, без какви било измени. Според член 30 од истиот закон, за употреба на знамето во поинаква форма и содржина од пропишаната се предвидени парични глоби до 5.000 евра.

Извор: Слободен печат.мк

Знаме Охрид погрешно прослава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.