Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Покачување, сепак, ќе има: Цената на струјата нема да се зголеми за повеќе од 10 проценти, се чека понудата од ЕСМ до ЕВН Хоум

0
By Sashko on December 9, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цената на електричната енергија нема да се зголеми за повеќе од 10 проценти, уверуваат надлежните министри. Според нив, понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија. Денеска се очекува и АД ЕСМ да достави понуда на отворениот повик на ЕВН Хоум.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера изјави дека согласно сите проекции, од 1 јануари не очекува да се зголеми цената на струјата за повеќе од 10 проценти.

Согласно Законот за енергетика, цената на струјата од 1 јануари за првите шест месеци од 2022 година ја потврдува Регулаторната комисија за енергетика, но имајќи предвид дека цената што ќе ја понуди ЕСМ кон универзалниот снабдувач многу влијае врз финалната цена, зголемување над 10 отсто нема да има. Со тоа се отфрлаат сите предвидувања од експерти во областа на енергетиката и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде 30, 40 или 50 отсто, изјави Бектеши.

И министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека нема да има значително зголемување на цената на струјата.

Како што беше најавено, ќе има понуда од ЕСМ кон универзалниот снабдувач на електрична енергија, која веројатно, според тие проценки, ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на струјата, рече вчера Бесими, не сакаше да калкулира со бројки.

Во насока на стабилизирање на цената на струјата, одлучено е ЕСМ наместо задолжителните 60 проценти, да покрива 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум.

„Ние донесовме одлука да испорачуваме 100 проценти енергија во 2022 кон ЕВН Хоум и тоа значи дека оваа компанија нема да набавува дополнителни количества енергија кои на берзата се со повисоки цени. Така, нашата компанија и натаму ќе остане стабилизатор на цената за домаќинствата и малите потрошувачи“, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во понеделникот.

ЕВН Хоум ЕСМ Македонија Понуда струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.