Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Покана од Меј до Заев за учество на Самитот во Лондон

0
By Нова ТВ on December 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет денеска на премиерот Зоран Заев му врачи покана од британската премиерка Тереза Меј за Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во Лондон во јули следната година во рамки на Берлинскиот процес.

Во писмото, британската премиерка нагласува дека целта на Самитот во Лондон е да се поддржат земјите од Западен Балкан во нивната посветеност за добрососедски односи, регионална соработка и адресирање на предизвиците во овие процеси.

Премиерката Меј потсетува дека лидерите на Самитот во Трст се согласиле дека интеграциите се „стратешка инвестиција во мирот, демократијата, просперитетот, сигурноста и стабилноста на Европа во целост“ и додава дека Велика Британија е подготвена да помогне со експертизи и искуствата за посилен прогрес. Посочувајќи дека поддршката на Велика Британија на регионот е долгорочна, премиерка Меј нагласува дека го поддржуваат регионот на неговиот евро-атлантскиот пат.

Владината прес-служба соопшти дека премиерот Заев на средбата со британскиот амбасадор се заблагодарил за поддршката што и ја дава Велика Британија на Република Македонија и на целиот Западен Балкан.

Двајцата соговорници разговарале за важноста на планираните теми за кои што ќе се дискутира на Самитот во Лондон. Во делот на обезбедувањето просперитет, се планира фокусот да биде ставен на меѓусебното поврзување на државите, енергетиката, дигитализацијата и претприемништвото, а во делот на безбедноста, на справувањето со корупцијата, организираниот криминал, движењето на луѓе и стоки, тероризмот и насилниот екстремизам.

Премиерот Заев најавил дека Македонија ќе даде активен придонес во сите важни прашања што ќе бидат тема на Самитот.

– Стратешки цели на Република Македонија се интеграциите во Европската унија и во НАТО. Свесни сме дека само заедно, како регион, низ добрососедска економска и политичка соработка можеме да обезбедиме напредок и да придонесеме кон безбедноста и развојот и за државите, и во поширока смисла и јас како премиер и Владата на Република Македонија силно се посветени на овие цели и процеси, истакнал Заев.

Разговарано е и за важноста од потребните внатрешни реформски процеси, особено во делот на независноста на правосудството и владеењето на правото.

Гарет Заев писмо покана Самит Лондон Тереза Меј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.