Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичарите и науката: Од сликарот Рама до авиомеханичарот Картес

0
By Нова ТВ on August 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Правници, политиколози, економисти, но и занаетчии и со средно училиште. Ова се само дел од образовните насоки на светски државници. Најголем дел од нив имаат некој вид на вишо или високо универзитетско педигре, но доста се разликуваат во студиските области што биле сфера на интерес во студентските денови.

Лидери, како на пример Ален Берсе кој е претседател на Швајцарија, студирале политички науки или право меѓутоа ги има во голем број кои се одржуваат на сцената иако по вокација имаат малку заедничко со политика или ништо воопшто. Пример за вторите е првиот човек на Парагвај, Хорасио Картес кој заврши авиомеханика во САД. Претседателите на Венецуела (Никола Мадуро) и на Боливија (Ево Моралес) имаат само средно училиште.

Се чини дека европските државници предничат со дипломи од политички науки. Покрај Берсе, ги имаат и претседателите на Македонија (Ѓорѓе Иванов), на Словенија (Борут Пахор), на Хрватска (Колинда Грабар-Китаровиќ), на Унгарија (Јанош Адер), на Португалија (Марсело Ребелјо де Соуса), на Малта (Мари Луиса Колеиро Прека) како и премиерката на Норвешка (Ерна Солберг).

Биографии како дипломирани правници имаат претседателот на Србија (Александар Вучиќ), на Италија (Серџо Матерела), на Грција (Прокопис Павлопулос), на Полска (Анджеј Дуда), на Финска (Саули Нинисто), на Кипар (Никос Анастасијадес) и претседателите на Владите на Данска (Ларс Локе Расмусен), на Белгија (Шарл Михел), на Луксембург (Хавиер Бетел).

Меркел на физика, Путин правник, Макрон на филозофија, Меј на географија, Рама на сликарство

За германската канцеларка Ангела Меркел важи дека била вреден и посветен студент. Најпрво (1973 година – 1978 година) дипломира на студиите по физика на Универзитетот „Карл Маркс“ во Лајпциг, во 1986 година се стекна со титула доктор, откако ја одбрани својата теза за квантна хемија. Диплома од студии по физика има и претседателот на Романија, Клаус Јоханис.

Францускиот претседател Емануел Макрон студираше филозофија по што доби стекна диплома за јавна администрација на Институтот за политички науки во Париз.

Меѓу европските лидери има и економисти како Реџеп Таип Ердоган, кој патем играл и фудбал за Касимпаша, но и професии што немаат допирна точка со политиката. Премиерот на Р. Ирска (Лео Варадкар) се определи за медицина, неговата британска колешка Тереза Меј студираше географија, претседателот на Исланд (Гудни Торлациус Јоханесон) е дипломиран историчар, првиот човек на Бугарија (Румен Радев) беше питомец на Воена Академија, премиерот на Албанија (Еди Рама) заврши сликарство.

Рускиот претседател Владимир Путин дипломира право на државниот универзитет во Ленинград.

Интерен е примерот со образованието на Стефан Ловен, премиер на Шведска. Откако заврши обука во шведското воздухопловство, напрво стана заварувач, а потоа и синдикален лидер кој застапуваше над 300.000 работници.

Трамп дипломира економија во Пенсилванија, претседателите на Перу и на Аргентина – градежници

За разлика од Европјаните, политичките науки не биле привлечни за државниците од Северна, Средна и Јужна Америка. Донал Трамп дипломира економија на универзитетот во Пенсилванија, претседателите на Аргентина (Маурисио Макри) и на Перу (Мартин Вискара) завршија градежништво додека уругвајскиот претседател (Табаре Васкез) заврши медицински факултет.

Само еден државник во Северна Америка е со диплома од политички науки. Тоа е новоименуваниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор кој на функцијата стапи на први декември.

Азија со најмногу воени академци

Најмногу лидери на азискиот континент, пак, се школувале во војска. Дипломци на Воена Академија се претседателите на Северна Кореја (Ким Јонг Ун), на Лаос (Бунханг Ворачит), на Либан (Мишел Аун), но и премиерите на Тајланд (Прајут Чан-о-ча), на Оман (султан Кабос бин Саид ал Саид) и на Катар (Абдула бин Насер бин Калифа ал Тани).

На политички науки дипломираа претседателите на Виетнам (Тран Даи Куанг) и на Шри Ланка (Маитрипала Сирисена) како и премиерите на Индија (Нарендра Моди) и на Јапонија (Шинзо Абе). Правници се претседателите на Јужна Кореја (Мон Јае Ин) и на Филипини (Родриго Дутерте).

Политиколози, питомци, архитект и геолог во Африка

Диплома од студии по политички науки имаат и пет претседатели на африканскиот континент. Тоа се Хаге Геингоб (Намибија), Јовери Мусевени (Уганда), Ухуру Кенјата (Кенија), Мохамед Абдулахи Мохамед (Сомалија) и Џулиус Мада Био (Сиера Леоне).

Голем е бројот на државници кои студирале на Воена Академија, а меѓу оние кои се разликуваат од нив се претседателот на Танзанија (Џон Магуфули) кој поседува докторска диплома од хемија, неговите колеги во Сенегал (Маки Сал) и во Нигер (Махамаду Исуфу) кои завршија геологија и рударство како и премиерот на Либија (Фајез ал Сарај) кој по професија е архитект.

Диплома образование политичари премиери претседател Студии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.