Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политико: Четири земји го кочат планот на ЕУ за користење на замрзнати руски пари за

0
By Zoran Ivanov on December 13, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 13, 2025 11:11

Италија ѝ се придружи на Белгија во спротивставувањето на планот на Европската Унија да ги користи замрзнатите руски државни средства како основа за бескаматен заем за Украина, покажува интерен документ што го видел „Политико“.

Интервенцијата на Рим, третата најголема членка на ЕУ по население и право на глас, доаѓа помалку од една недела пред клучниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел и според бриселскиот портал сериозно ги поткопува надежите на Европската комисија за склучување договор за планот.

Европската комисија сака земјите-членки да постигнат договор на самитот на Европскиот совет на 18 и 19 декември, така што милијарди евра руски девизни резерви, кои се чуваат во белгиската банка Евроклир, ќе можат да бидат достапни за Украина и да ѝ помогнат на нејзината економија разурната од војната.

Белгиската влада долго време се двоуми поради стравот од плаќање висока цена во случај на арбитражна одлука што би била во корист на Русија. Сепак, досега таа немаше силен сојузник.

Тоа сега се промени, бидејќи Италија, заедно со Белгија, Малта и Бугарија, изготвија документ со кој ја повикуваат Европската комисија да разгледа алтернативни начини за финансирање на Украина во наредните години, наместо да користи замрзнати руски средства.

Четирите земји изјавија дека „ги покануваат Комисијата и Советот да продолжат да истражуваат и дискутираат за алтернативни опции во согласност со правото на ЕУ и меѓународното право, со предвидливи параметри и значително пониски ризици, со цел да одговорат на финансиските потреби на Украина“.

Станува збор за таканаречениот план Б, кој би вклучувал заедничко задолжување од страна на Европската Унија со цел финансирање на Украина во наредните години.

Но, дури и таа идеја носи голем број проблеми. Критичарите предупредуваат дека тоа дополнително ќе го зголеми веќе високото ниво на јавен долг во Италија и Франција, а исто така бара едногласна одлука, што значи дека унгарскиот премиер Виктор Орбан би можел да ја блокира.

 

ЕУ замрзна пари руски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.